Биди дел од тимот на МОФ!
Младински образовен форум објавува Повик за програмски/а асистент/ка во програмата Учиме Право, одговорен за асистирање во спроведување на програмските цели и определби на програмата, како и на проекти спроведени од МОФ.
Младински образовен форум (МОФ) е младинска заедница која овозможува образование за дебата, правна писменост, лични и професионални вештини; креира истражувања и политики; обезбедува медиумски простор и информираност; поддржува активизам, самоорганизирање и учество; за општествен развој на младите.
РАБОТНА ПОЗИЦИЈА: Програмски/а асистент/ка во програмата Учиме Право
ЛОКАЦИЈА: Канцеларија на МОФ, Скопје
ПРОФИЛ НА КАНДИДАТОТ:
- Да има навршено 18 (осумнаесет) години;
- Способност за пронаоѓање на креативни решенија за промоција на активностите на програмата Учиме Право и МОФ;
- Способност за работење во динамична работна средина;
- Способност да работи со тим, под притисок и во ограничена временска рамка;
- Способност за непречена комуникација со организации, институции и медиуми;
- Да има капацитет да презема и извршува обврски со строго почитување на зададените рокови и да направи приоритет на работа;
- Да има капацитет да работи со луѓе со различна социјална и културна позадина;
- Можност да работи од канцеларија базирана во Скопје;
- Можност да работи за време на викенди;
- Можност да патува во рамките на државата и надвор од неа, за потребите на програмата и организацијата.
ПОТРЕБНИ ЗНАЕЊА И ВЕШТИНИ:
- Одлични комуникациски вештини, со високо ниво на говорен и пишан македонски и англиски јазик. Познавање на албански јазик ќе се смета за предност;
- Минимум завршено средно образование, завршено високо образование во областа на комуникациски студии, односи со јавност, новинарство и/или маркетинг, ќе се смета за предност;
- Напредно познавање на MS Office алатките: Word, Excel и PowerPoint;
- Претходно искуство во граѓански организации, посебно младински организации ќе се смета за предност.
ОПИС НА ГЛАВНИ РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
- Исполнување на работно време од 40 работни часа неделно;
- Активна вклученост во исполнувањето на стратешките цели, приоритети и активности на МОФ;
- Одржување на редовна комуникација и координација со Извршниот директор, Програмскиот директор, Претседателот, Административниот директор на МОФ, програмскиот координатор и другите координатори во МОФ и младинските центри;
- Помага во координирање на проекти и активности обезбедени за поддршка на програмата или други проекти по потреба;
- Помага во координирање на тимот ангажиран во програмата и предлага решенија за структурата и организацијата на програмата;
- Помага во фасилитација на процеси на спроведување евалуации и проектните и програмските активности, како и евалуација на работата на тимот во програмата (предавања, тренинзи, настани и др.);
- Навремено закажување и реализација на редовни координативни состаноци со телата на предавачи и други работни тела во рамките на програмата;
- Обезбедување соодветна распределба на активностите во рамките на членството на програмата и вклучување на сите заинтересирани членови во програмските активности;
- Помага во подготовка на процеси за разработка на стратешките програмски документи и документи за потребите на организацијата;
- Помага во разработка на потребните правилници на програмата за нејзината работа, како и работата на работните тела и другите сегменти од нејзината работа;
- Обезбедува уредна архива на сите значајни документи, едукативни материјали, печатени и промотивни материјали креирани од или потребни за спроведување на прогрaмата (дефинирање и обележување простор за архива во печатена форма во просториите на МОФ, како и обезбедување архива во електронска форма);
- Обезбедување промоција на сите активности на програмата, преку дневна комуникација на социјалните мрежи, редовна комуникација со традиционалните медиуми, како и јавно и медиумско презентирање на активностите на програмата преку пишување известувања и покани до медиуми, давање изјави и слично;
- Учествува во изнаоѓање на креативни решенија за развој и проширување на програмските цели и тела на програмата;
- Учествува во навремена реализација на финансиските средства на програмата и проектите од програмата, согласно роковите предвидени во договорите за доделените грантови;
- Комуникација и соработка со интернационални партнери на проекти, вмрежување и остварување заеднички активности со партнерските организации со кои МОФ работи на определени проекти или активности, претставување на организацијата во мрежите и сојузите во кои членува;
- Учество во подготовка на проекти, успешно и навремено планирање, спроведување и координирање на проектните активности за кои е задолжен/а;
- Учествува во обезбедување финансиска и ресурсна одржливост за работата на програмата и МОФ.
ШТО НУДИМЕ:
- Флексибилна и динамична средина исполнета со позитивна енергија и млади луѓе;
- Поддршка во исполнување на работните задачи;
- Двонасочна евалуација на перформансите со конкретни насоки за подобрување и личен развој;
- Проширување на мрежата на познанства со претставници на други организации и институции во земјава и странство;
- Можност за унапредување на лични и меки вештини;
- Учество на настани, конференции, семинари, обуки како претставник на МОФ.
КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ?
Заинтересираните кандидати треба да се пријават најдоцна до 12.03.2023 година (недела) до 23:59 часот на info@mof.org.mk и teodora_stolevska@mof.org.mk, со назнака „Апликација за програмски/а асистент/ка во програмата Учиме право“со испраќање на:
– Биографија (CV) и
– Moтивациско писмо во должина до 1 страница.
Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат поканети на интервју со комисијата составена од членови на Младински образовен форум.
Доколку имате дополнителни прашања, слободно обратете се на: info@mof.org.mk и teodora_stolevska@mof.org.mk.