Барај
Close this search box.

Повик за Програмски/ка директор/ка на Младински образовен форум

Младински образовен форум објавува повик за програмски/ка директор/ка на организацијата.

Секое заинтересирано лице кое ги исполнува критериумите за избор може да се пријави на конкурсот преку испраќање на:

  1. Биографија;
  2. Мотивационо писмо и
  3. Концепт за развој на позицијата за период од 2 години.

Апликациите се испраќаат на е-mail адресата info@mof.org.mk, teodora_stolevska@mof.org.mk и mircevska.n@gmail.com со назнака “Aпликација за Програмски/ка директор/ка на МОФ” најдоцна до 12.03.2023.

Програмскиот директор ќе биде избран од страна на Управниот одбор на Младински образовен форум согласно Статутот.

Кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани својата кандидатура да ја презентираат пред Управниот одбор на МОФ.

Подолу можете да го најдете делот кој се однесува на оваа позиција, а целосниот Статут на организацијата е во прилог.

 

Програмскиот директор ги има следните надлежности:

Програмскиот директор се избира од страна на Управниот oдбор на организацијата. Мандатот на Програмскиот директор изнесува 2 години со право на два реизбори.

  • Ко-раководи и координира со сите активности на Здружението;
  • Дава препорака на Извршниот директор за избор на програмските асистенти, лица на позиции во рамки на програмските тимови, центрите на Здружението и проектите на Здружението;
  • Ја претставува организацијата во јавност, кон надворешни лица, институции и организации;
  • Дава препораки до УО за избор на програмски координатори и врши надзор над нивното работење;
  • Раководи со човечките ресурси во Здружението;
  • Врши координација, надзор, евалуација и насочување на програмските и проектните активности на организацијата и центрите на Здружението;
  • Врши мониторинг и евалуација на работата на стаф тимот, го раководи системот на награди и унапредување на стаф тимот на Здружението;
  • Учествува во подготовка на седниците на УО и Собранието на МОФ, заедно со Извршниот директор и Претседателот;
  • Доставува годишен извештај за својата работа до УО на Здружението и
  • Врши други работи.
СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: