Согласно чл. 24 од Статутот на МОФ, Управниот одбор на Младински oбразовен форум објавува
Повик за програмски координатор/ка на Дебатната програма во МОФ.
Координаторот на програмата работи со мандат од 18 месеци и има право на неограничен реизбор согласно условите наведени во TOR-от за позицијата.
Опис на обврските на координаторот се наведени во TOR-от прикачен кон овој повик.
Ангажманот на координаторот е 40 часа неделно.
Заинтересираните кандидати треба да се пријават најдоцна до 25.06.2024 година (вторник, 23:59 часот) на
pretsedatel_uo@mof.org.mk и info@mof.org.mk со праќање на:
-Биографија (CV);
-Мотивациско писмо во должина до 1 страница и
-Предлог-програма за работа на позицијата и програмата за целиот мандат од 18 месеци во должина до максимум 5 страници.
Сите пријавени кандидати ќе треба својата кандитура да ја презентираат и пред членовите на програмата. Управниот одбор ќе донесе одлука доколку е потребно кандидатите да ја презентираат програмата на седница пред Управниот одбор, за што кандидатите ќе бидат навремено известени.