Повик за програмски координатор на програмата Младински активизам во Младински образовен форум (МОФ)

Младински образовен форум (MOФ) објавува Повик за програмски координатор на програмата Младински активизам во Младински образовен форум

Координаторот на програмата Младински активизам работи со мандат од 18 месеци и има право на неограничен реизбор согласно условите наведени во TOR-от за позицијата. Опис на обврските на координаторот се наведени во TOR-от прикачен кон овој повик.

Ангажманот на координаторот е 40 часа неделно и за истиот има предвиден финансиски надоместок во износ од 35.000 – 45.000 денари нето во зависност од искуството и образованието на кандидатот.

Заинтересираните кандидати треба да се пријават најдоцна до 12.12.2024 година (четвтрок, 23:59 часот) на info@mof.org.mk  и pretsedatel_uo@mof.org.mk, со праќање на:

– Биографија (CV);
– Moтивациско писмо во должина до 1 страница и
– Предлог програма за работа, во должина не повеќе од 3 страни.

Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат поканети на интервју со комисијата составена од членови на Управниот одбор на МОФ. Управниот одбор во полн состав ќе донесе одлука за избор на координатор на програмата.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: