Барај
Close this search box.

Повик за студентите и студентските правобранители при универзитети во Република Северна Македонија

Младински образовен форум (МОФ) во рамки на проектот „Студентска перцепција за дискриминација“ отвора повик за учество во повеќе неделен едукативен модул наменет за јакнење на капацитетите на студентите и студентските правобранители во борбата против дискриминацијата во високото образование.

Целта на овој модул е јакнење на капацитетите на студентите и студентските правобранители и надоградба на нивните знаења од областа на спречувањето на дискриминација и постапувањето по истата.

Тематските целини кои ќе бидат опфатени во рамки на обуката се:

  • Запознавање со дискриминацијата и негативните последици од истата;
  • Улогата на студентските правобранители и заштитата на студентските права и обврски;
  • Застапување и лобирање;
  • Комуникација со јавност и студенти;
  • Ментално здравје и психолошки пристап кон жртвите.

Обуката ќе се реализира со хибриден пристап, односно главен дел со физичко присуство, а студентите кои нема да можат да присуствуваат физички, ќе можат истата да ја следат онлајн.

Аплицирањето за обуката ќе се реализира преку следниот линк: https://forms.gle/uYYMxgmoRN6hjcai6

Учесници на оваа обука треба да бидат сите студенти и студентски правобранители на универзитетите и факултетите во Република Северна Македонија.

Краен рок за аплицирање e 1.11.2021 до крајот на денот.

Учесниците кои ќе го завршат модулот ќе добијат сертификат за успешно поминат едукативен модул.

Оваа активност е дел од проектот „Студентска перцепција за дискриминација“, поддржан од Фондацијата Oтворено општество – Македонија.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: