Младински образовен форум, во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество, распишува повик за учесници на настанот „Толерирај! Едуцирај! Дебатирај!“.
Настанот ќе се одржи на 8-ми и 9-ти декември во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје, со почеток во 10:00 часот.
Толерирај! Едуцирај! Дебатирај! е дводневен настан чиј главен фокус е подобрување на младинскиот активизам, а воедно и намалување на постоечките сегрегации и стереотипи. Настанот ќе се реализира преку работилници за дебата, толеранција и граѓански обврски, чија главна цел е поттикнување и развивање на критичкото мислење преку интерактивни дискусии помеѓу учесниците.
Кандидатите за учество на работилниците треба да ги исполнат следните услови:
• Да се средношколци со место на живеење/престојување во Скопје;
• Да бидат во можност да учествуваат на двата дена од настанот;
• Да покажуваат интерес за вклучување во идни граѓански иницијативи и кампањи;
• Да покажуваат интерес за дебата, јавно говорништво, граѓански права и екологија.
Сите заинтересирани можат да се пријават најдоцна до 2-ри декември 2012 година, преку пополнување на апликација на следниот линк
Бројот на учесници е ограничен. Работилниците ќе бидат спроведени на македонски јазик од страна на искусни обучувачи од МОФ и партнерски организации на МОФ. При селекцијата на кандидатите ќе биде земен предвид етничкиот и родовиот баланс на групите.
Повеќе информации може да добиете и на евентот на Фејсбук.
Проектот на УСАИД за граѓанско општество го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија во соработка со четири граѓански организации: Младински образовен форум, Форум – Центар за стратегиски истражувања и документација, Центар за граѓански комуникации и Реактор – Истражување во акција.