Барај
Close this search box.

Повик за учесници на обука и патувачка изложба

Младински образовен форум објавува повик за учесници на обука и патувачка изложба на дигитални постери.

Повикот е отворен за сите креативци, уметници и млади ентузијасти кои имаат желба да придонесат за зголемување на свеста за утврдените разлики во условите за живеење помеѓу руралните и урбаните средини, да поттикнат размислување и дискусија помеѓу младите, но и со институциите преку нивните дигитални уметнички дела.

Целна група на повикот се млади луѓе кои имаат претходно искуство со дигитална уметност и работа на некоја од креативните алатки.

Избраните учесници ќе имаат можност да учествуваат на работилница која ќе има за цел да разработи дел од креативните алатки: Photoshop, Illustrator, Canva и конкретно да ги афирмира и потенцира клучните наоди од истражувањето „Младински (не)еднакви можности и потреби – Предизвиците на младите според големината на местото на живеење“.

Дигиталните постери кои ќе бидат дел од патувачката изложба во три градови низ државата ќе бидат директен резултат од дводневната работилница која ќе ѝ претходи и на која искусен обучувач ќе пренесе дел од своите знаења и информации на учесниците.

Заинтересираните кандидати потребно е да се пријават на оваа Google форма, најдоцна до 7-ми декември 2021 до 17:00 часот и на pande_eftimov@mof.org.mk и ivona_kuzmanovska@mof.org.mk  со назнака „Пријава за учесник на патувачка изложба“. Сите прашања и дилеми за повикот може да ги упатите на овие мејл адреси.

Краток дел за истражувањето и целите на истражувањето:

Истражувањето „Младински (не)еднакви можности и потреби – Предизвиците на младите според големината на местото на живеење“, изработено од страна на Младински образовен форум (МОФ) претставува документ во кој детално може да се увидат предизвиците, проблемите и перцепциите на младите во државата во врска со животниот стандард, образованието, културата, забавата и спортот, младинското учество, како и други прашања кои се од интерес за младите.

Она што го разликува ова истражување од останатите изработени истражувања поврзани со младите и нивниот животен стандард е тоа што истражувањето, меѓу другото, цели и да ги детектира клучните разлики во перцепциите на младите за специфичните области во зависност од големината на нивното место на живеење.

Со ова, читателите, јавноста, но уште поважно, надлежните институции – централни и локални – ќе имаат детален увид во клучните проблеми и предизвици со кои се сочуваат младите во сите 8 плански региони во државата, но дотолку повеќе ќе имаат и детална слика за разликите меѓу младите во зависност од големината на нивното место на живеење, односно разликите меѓу младите коишто живеат во урбани и оние коишто живеат во рурални средини.

Истражувањето и изложбата се реализираат во рамки на проектот Квалитетни образовни политики и можности за младите поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Наодите и препораките од истражувањето ќе може да се земат предвид при создавањето и применувањето на локалните и младинските политики со цел да се дојде до поголемо задоволство на младите во однос на животниот стандард, образованието, културата и спортот.

„Проектот е финансиран од Фондација Отворено општество – Македонија. Содржината е единствена одговорност на авторите и на грантистот, и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на Фондацијата Отворено општество – Македонија.“

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: