Повик за учесници на обука за „Видео активизам“

Младински образовен форум и Радио МОФ, во рамките на Проектот младинско онлајн радио – Радио МОФ, распишува повик за учесници за „Обука за видео активизам “.

Учесниците ќе имаат можност да направат сопствен краток филм за дилемите кои произлегуваат од нивното опкружување. Филмoвите се всушност кратки документарци и служат како појдовна точка за понатамошна јавна дебата.

Обуката преку правење на истражувања со цел изработка на кратките документарци, ќе ве предизвика да дознаете нешто повеќе за вашето секојдневнo oпкружување. Дополнително на обуката ќе се запознаете со снимање и ракување со видео камера, софтвер за видео обработка и неговите основни алатки и можностите кои ги нуди, обработка на видео записи и формати за зачувување на вашите видеа.

Методологијата на работа се базира врз принципот на неформално образование кое вклучува огромна интеракција и практична работа со учесниците.

Обуките ќе се реализираат во соработка со медиа/арт клубовите на МОФ во:

-Струга 22-23.02.2014
-Велес 01-02.03.2014
-Скопје 08-09.03.2014
-Тетово 22-23.03.2014

Обуките се дводневни [8 и 6 часа вклучувајќи и паузи]. Кандидатите за учество на обуките треба да ги исполнат следните услови:

-Да се на возраст од 15 до 25 години;
-Да покажуваат интерес за интернет и видео активизм.
-Да покажуваат интерес за креирање на видеа со активистичка содржина

Сите заинтересирани можат да се пријават најдоцна до 19 февруари 2014 година, преку испраќање на е-мејл со вашето име и презиме, контакт телефон, година на раѓање на obuki@mof.org.mk. При пријавувањето важно да се напомене за кој град се пријавувате.

Бројот на учесници е ограничен. Обуките се бесплатни и ќе бидат спроведени на македонски јазик од страна на искусни обучувачи од Радио МОФ. При селекцијата на кандидатите ќе биде земен предвид етничкиот и родовиот баланс на групите, а приоритет ќе имаат оние учесници кои први ќе се пријават.

Локацијата и времето на започувањето на обуките ќе биде дополнително испратено по е-мејл.

Дополнителни инфорамции можете да побарате на info@radiomof.mk, тел. 02 3 139 692.

Сподели