Повик за учесници на „Работилница за граѓанско новинарство и визуелно претставување информации“

 

Младински образовен форум и Радио МОФ, во рамките на Проектот младинско онлајн радио – Радио МОФ, распишува повик за учесници на „Работилница за граѓанско новинарство и визуелно претставување информации“.

Учесниците ќе имаат можност да ги осознаат основите на новинарското пишување наменето за интернет, како и да научат како да прават инфографици, гифови и мемиња во реално време. Работилниците ќе бидат дводневни, поделени според темата на предавање.

Работилницата преку практична работа ќе ве воведе во основите на новинарството и техниките за пишување на интернет. Вториот дел од работилицата ќе ве научи како да привлечете повеќе внимание на интернет за време на некој настан. Со оваа работилницата учесниците ќе имаат можност да научат да се служат со интернет алатки и платформи како wordpress, генератори на инфографици, мемиња и гифови, како и употреба на дата бази со слики.

Методологијата на работа се базира врз принципот на неформално образование кое вклучува интеракција и практична работа со учесниците.

Обуките ќе се реализираат во соработка со медиа/арт клубовите на МОФ во:

Скопје 21 Февруари – 22 Февруари (местата за работилниците во Скопје се пополнети)

Струга 21 Февруари – 22 Февруари
Велес 28 Февруари – 01 Март
Тетово 28 Февруари – 01 Март

Обуките се дводневни [со време траење од 6 час вклучувајќи и паузи]. Кандидатите за учество на обуките треба да ги исполнат следните услови:

  • -Да се на возраст од 15 до 25 години;
  • -Да покажуваат интерес за интернет новинарство;
  • -Да покажуваат интерес за визуелно изразување.

Сите заинтересирани можат да се пријават најдоцна до 19 февруари 2015 година, преку пополнување на апликацијата.

Бројот на учесници е ограничен. Ако се во можност учесниците се препорачува да си понесат свој лаптоп. Обуките се бесплатни и ќе бидат спроведени на македонски јазик од страна на искусни обучувачи од Радио МОФ. При селекцијата на кандидатите ќе биде земен предвид етничкиот и родовиот баланс на групите, а приоритет ќе имаат оние учесници кои први ќе се пријават.

Сподели