Повик за учесници на тренинг за права на студенти

Младински образовен форум објавува повик за студенти за предавања за запознавање со нивните права и слободи како и механизмите на заштита. Предавањата ќе се одржат во периодот од 24ти до 26ти април во просториите на Универзитетската библиотека во Скопје.

Во текот на три дневниот тренинг учесниците ќе имаат можност да се запознаат со работата на институциите кои ги штитат правата на студентите, како и со институционални механизми за заштита на правата и интересите на студентите. Воедно, ќе се зборува и за досегашната пракса и активност на студентите кога им се нарушени нивните права во Р.Македонија. Студентите ќе се запознаат и со структурата на студентските претставнички тела.

Студентите учесници ќе слушаат предавања од:
– Државниот просветен инспекторат
– Државната комисија за заштита од дискриминација
– Државната комисија за спречување корупција
– Поранешниот студентски правобранител – Никола Главинче
– Младински образовен форум, кои имаат долгогодишно искуство во областа на истражувањето и креирањето на студентски политики

На крајот од тренингот учесниците ќе имаат можност да слушнат и предавање за организирање на настани, како и интернет алатки кои може да се користат во борбата за подобро високо образование. По завршувањето на тренинзите, учесниците имаат прилика да организираат настани заедно со МОФ,  преку кои ќе се промовираат правата на студентите во Македонија.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

– да се студенти на еден од факултетите на УКИМ
– да имаат интерес за подобрување на состојбата на студентите во Р.Македонија
– да имаат креативни идеи за спроведување на кампањи за промовирање на права на студенти

Тренинзите ќе се одржат  во работни денови во попладневните часови, а за време на викендот се предвидени целодневни сесии.

Сите заинтересирани студенти може да се пријават најдоцна до 23 април 2014, Среда, 12 часот, со испраќање на СV и мотивационо писмо на е-маил адресата policy@mof.org.mk. Бројот на местата е ограничен.
Примените кандидати ќе бидат известени на 22 април 2014.

Тренингот ќе се одржи на македонски јазик.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: