Школата за активно граѓанство ќе се организира за млади и претставници на граѓански организации или неформални групи, со цел да им обезбеди неопходно знаење и вештини за реализирање граѓански иницијативи. Школата е составена од два дела, кои ќе ги спроведуваат Младинскиот образовен форум (МОФ) и Форум-Центарот за стратегиско истражување и документација.
Во рамки на Школата за активно граѓанство, МОФ објавува повик за учесници во циклус од четири обуки за младински активизам на следниве теми:
- Слобода на здружување;
- Младински политики;
- Граѓански иницијативи;
- Аргументирано изразување.
Обуките се еднодневни и ќе се реализираат во Неготино во викендите 27-28ми септември и 4-5 октомври 2014 година.
Кандидатите за учество на обуките треба да ги исполнат следните услови:
- Да се на возраст од 16 до 25 години;
- Да учествуваат во сите четири обуки;
- Да покажуваат интерес за вклучување во идни граѓански иницијативи;
- Да покажуваат интерес и разбирање за клучните младински проблеми на локално и национално ниво.
Сите заинтересирани можат да се пријават најдоцна до 21ви септември 2014 година, преку испраќање CV и пополнета пријава на obuki@mof.org.mk. Пријавата за учество може да се преземе од www.mof.org.mk.
Бројот на учесници е ограничен. Предност ќе им биде дадена на кандидатите кои не се на раководни функции во невладини организации. Обуките се бесплатни и ќе бидат спроведени на македонски јазик од страна на искусни обучувачи од МОФ. При селекцијата на кандидатите ќе биде земен предвид етничкиот и родовиот баланс на групите.
Документи за преземање:
Апликација за учесници
Опис на теми
Повеќе информации:
info@mof.org.mk
02/3139 692
Проектот на УСАИД за граѓанско општество го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија во соработка со четири граѓански организации: Младински образовен форум, Форум – Центар за стратегиски истражувања и документација, Центар за граѓански комуникации и Реактор – Истражување во акција.