Рокот за пријавување на учесници е продолжен!
Пријавете го вашето учество заклучно со 27ми февруари 2015 година.
Новите дати за одржување на „Денови на младинско вмрежување во општина Центар“ се 4 и 5 март 2015.
Младински образовен форум и Центарот за Меѓукултурен дијалог, заедно со Иницијативниот одбор за основање на Локален младински совет ве повикуваат да земете учество на денови на младинско вмрежување во општина Центар. Деновите на младинско вмрежување се дел од проектот „Развој на локални младински политки и локално младинско учество во 12 општини“, поддржан од Европската Унија, а кој има за цел вмрежување на младинските организации во општина 12 општини меѓу кои и општина Центар, а води кон нивна поголема соработка и поставување на основите за основање на локалните младински совети во овие општнини.
Настанот ќе иницира процес на креирање младински совет, како највисоко претставничко тело на младите во нивните општнини и нивна платформа за носење одлуки и граѓански активизам. Деновите на вмрежување се резултат на процесот започнат од група на млади и младински активисти кои во минатите месеци иницираа, организираа настани и кампањи за потребата од младинско организирање, дел од овој проект.
Главната цел на настанот е охрабрување и вмрежување на невладините младински организации на локално ниво за развој на инклузивна и претставничка структура/платформа на младински организации и младински структури.
Агендата на деновите за вмрежување ќе вклучува сесии за дефинирање на структурата, мисијата, визијата и документите потребни за основање на младинските совети.
Деновите на вмрежување во општина Центар ќе се случуваат 23-24 февруари 2015 година.
Можност за учество на настанот имаат младински организации, неформални младински групи, средношколски и студентски претставници, претставници на политички подмладоци и други. Секоја организација може да номинира по еден претставник за учество на овој настан, а пријавувањето е со номинација на претставник на следнава адреса policy@mof.org.mk.
Номинациите треба да пристигнат најдоцна до 20ти февруари 2015 година.
Ги охрабруваме сите заинтересирани да се пријават што е можно поскоро пред истекувањето на рокот, за да се олесни процесот на сортирање на апликации и избор на учесници.
Проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“ е насочен кон младите луѓе, младинските организации и сите форми на младинско здружување и локалната самоуправа. Главната цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на младинското здружување на локално ниво, нивно формално препознавање од страна на општините, како и заедничка работа за унапредување на младинските политики на локално ниво, преку развој на младински активизам, младинска работа и младинско учество во процесите на донесување на одлуки. Проектот вклучува соработка со локалните самоуправи, локални акции и јавен процес на основање Локални младински совети, со поддршка од локалната самоуправа во 12 општини, а е финансиран од Европска Унија (ИПА програма – Civil Society Facility).