[Повик за учество] Тренинзи за студенти истражувачи

МPovik za ucestvo - treninzi za studenti istrrazuvладински образовен форум (МОФ) распишува повик за учество на циклусот
“Tренинзи за студенти истражувачи во областа на антикорупција во високото образование”


Содржина и динамика на тренинзите:
07-08 aприл:
Феноменот на корупција во високото образование – анализа на состојбите преку истражувачка работа
21-22 aприл:
Анализа и практична примена на алатката прашалник
05-06 мај:
Анализа и практична примена на алатките интервју и фокус група
11-12 мај:
Анализа и практична примена на алатката пристап до информации од јавен карактер

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

    • Да се студенти на Универзитет Св. Кирил и Методиј – Скопје или Универзитет Гоце Делчев – Штип
  • Да се студенти на додипломски студии (но да не се во последната година од првиот циклус на студии)
  • Да имаат интерес за истражување, анти-корупција и младински активизам

 

  • Да се во можност да присуствуваат на сите 4 тренинзи
  • Да се во можност да учествуваат во регионалното компаративно истражување
  • Предност е познавање на англиски јазик

Апликациите се доставуваат преку пополнување на формуларот на следниот линк најдоцна до 26.03.2012.
Е-mail за контакт и прашања:  policy@mof.org.mk

Бројот на учесници е ограничен.
Тренинзите се бесплатни.
Тренинзите ќе се случуваат во Скопје.
Официјалниот јазик кој ќе биде користен е македонски јазик.
По завршување на тренинзите, од учесниците се очекува да земат учество во креирање и имплементација на регионално компаративно истражување во областа на антикорупција во високото образование.

Цел на циклусот тренинзи
Нашата цел е знаењето и искуство кое го стекнавме во изминатиов период во областа на антикорупција во високото образование, да го споделиме со индивидуалци, младински и студентски организации кои покажуваат интерес во ова поле. На овој начин, веруваме дека можеме да влијаеме врз подобрување на состојбите во високото образование, не само на национално ниво, туку и во регионални рамки.

За проектот Антикорупциска студентска мрежа во Југоисточна Европа
Младински образовен форум е дел од Антикорупциската студентска мрежа во  Југоисточна Европа која постои од 2003 година, заедно со Центарот за развој на образованието на Белградската  отворена школа од Србија,  Младинското здружение за мир и развој на Балканот (МЗМРБ) од Бугарија, Монитор статистика од Хрватска и Националниот центар за транспарентност и човекови права (НЦТЧП) од  Молдавија.
Овој проект опфаќа развој на методологија за мониторирање на корупција во високото образование, спроведување на истражувања за  состојбите на корупција во високо образование, актуелизирање на проблемот во јавноста.
До сега беа спроведени серија на истражувања чија цел беше да се утврди стапката на застапеност, интенизтетот, влијанието, прагот на толеранција и мотивација, на следниве појавни форми на корупција: поткуп, мобилност, уписи на факултет, прием во студентски дом, финансиски нерегуларности, мамење.
Овие истражувања се спроведуваа симулатано во земјите-членки на мрежата.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: