Како дел од активностите на академијата за млади истражувачи спроведена од Friedrich Ebert Stiftung (FES), Институт за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС) и Институт за социолошки и политичко правни истражувања (ИСППИ), претставник од Младински образовен форум, спроведува истражување на тема: „Родовата сензитивност кај младите НВО активисти во Р. Македонија“.
Доколку сте на возраст од 15-29 години и работите или сте активни членови во некоја невладина организација во Република Македонија, спаѓате во групата која е целна на ова истражување.
Во анкетниот прашалник, се бара личен став од испитаниците, без разлика на моменталната општествена ситуација. Сите одговори се релевантни и нема грешни одгвори. Прашалникот нема да ви одземе повеќе 5 минути, а учеството е доброволно и анонимно. Добиените податоци ќе бидат користени само за целите на истражувањето.
Прашалникот можете да го најдете на следниот линк.