Драги млади!
Дали се соочувате со одредени проблеми во вашата заедница и сакате истите да ги решите? Дали сакате да имате проактивна улога во вашата општина, но не знаете како и каде да ги застапувате вашите идеи и интереси?
Младински образовен форум (МОФ) во соработка со 6 младински организации од различни региони во државата во рамки на проектот „Младински политики за подобар животен стандард на младите во помали средини“ поддржан од ФООМ, организира работилници за млади во градовите и околните населени места на општина Штип, Струга, Гевгелија, Струмица, Теарце и Битола со цел младите да се запознаат со процесот за застапување и директно да се вклучат во процесот на мапирање на нивните проблеми во местото во кое живеат.
Како резултат од работилниците, учесниците, со поддршка на младинските организации, во нивните општини ќе креираат документ со приоритети и препораки кои дополнително ќе бидат споделени со носителите на одлуки во нивната локална заедница. По учеството на оваа работилница, младите ќе се стекнат со сертификат за учество на работилница за застапување. Работилниците се планирани да се одржат за време на месец мај, 2022 година. Предавачи на обуката ќе бидат искусни тренери од МОФ.
Предност ќе се даде на младите кои се жители во помали населени места и рурални средини.
Во однос на форматот на обуката, учесниците ќе бидат дополнително известени.
Доколку сте заинтересирани и живеете во помала локална заедница, како и надвор од Град Скопје, пријавете се на следниот линк.
За повеќе информации слободно обратете се на електронската адреса joana_treneska@mof.org.mk