Повик за волонтери за петиција за Реком

Поради себе. Да се знае.
rnДа не се заборави. Да не се повтори.
rnДа тргнеме понатаму. Да живееме полесно.

rn

rn

 

rn

 

rn

 

rn


rnАко сакаш да учествуваш во најголемото вмрежување на млади во Македонија и регионот, да стекнеш нови искуства, знаења и пријателства борејќи се за хумана цел, да научиш повеќе за тимска работа, организирање кампања и настап во јавност.
rn
rnАко мислиш дека е важно конечно да се утврдат фактите за сите воени злосторства на просторот на поранешна СФРЈ, да семејствата на исчезнатите ја дознаат судбината на своите најмили и злосторствата никогаш повеќе да не се повторат.

rn
rnСо таа цел ги повикуваме сите оние кои се заинтересирани да се приклучат и да земат активно учество во кампањата за собирање потписи за поддршка за основање на РЕКОМ, Регионална комисија која треба да ги утврди фактите од воените злосторства и други тешки кршења на човекови права на подрачје на државите наследнички од СФРЈ од 1991 до 2001 година.
rn
rnПетицијата за собирање на потписи започнува на 26ти април и ќе се одвива на повеќе локации низ Скопје, Тетово, Битола и Штип. Сите заинтересирани за учество во кампањата за собирање потписи можат да се пријават преку испраќање на своето име, презиме, број за контакт и град во кој ќе волонтираат  на dejan_dokuzovski@mof.org.mk најдоцна до вторник, 19ти април. Секој волонтер мора да има навршено 18 години до денот на започнување на кампањата. На сите волонтери ќе им бидат покриени трошоците за локален превоз и храна за време на волонтирањето. По завршување на кампањата, на волонтерите ќе им бидат доделени сертификати за учество во кампањата и петицијата за основање на Реком.
rn
rnПовеќе информации за иницијативата можете да најдете на www.zarekom.org

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: