Барај
Close this search box.

[Продолжен рок] Повик за волонтери за учество во програма за поддршка при интеграција на млади бегалци и други присилно раселени лица и лица без државјанство

Младинскиот образовен форум (МОФ) во партнерство со УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци, отвора повик за волонтери на возраст од 18 до 35 години, за учество во BUDDY програма за поддршка на интеграција на баратели на азил, како и лица под меѓународна заштита, вклучувајќи бегалци, лица под супсидијарна заштита, лица под привремена заштита (присилно раселени лица) и лица без државјанство.

Специфично повикот е отворен за:

  •  20 (дваесет) млади волонтери;
  • 6 (шест) предавачи (психолози, социолози, социјални работници)

Опис на програмата:

Главната цел на програмата е да ја поддржи интеграцијата на присилно раселените лица и лицата без државјанство преку воспоставување значајни и одржливи врски помеѓу нив и волонтерите. Преку  поврзување на волонтери со присилно раселени лица и лица без државјанство, програмата има за цел да го олесни вклучувањето и активното учество на овие лица во општеството, како и развојот на кохезивни и поддржувачки заедници. Овие односи, кои ќе се карактеризираат со заемност, ќе помогнат во надминување бариери и рушење стереотипи и ќе придонесат кон постигнување клучни резултати за интеграција и подобар квалитет на животот на учесниците, како што е знаењето на јазикот, културолошката интеграција, вработување, запознавање со локалниот контекст, учество на спортски или социјални настани, пристап до услуги итн., со што ќе се зајакне чувството на безбедност и припадност.

Преку оваа програма, присилно раселените лица и лицата без државјанство ќе имаат можност да изградат одржлива и долгорочна врска со волонтерите кои ќе им понудат поддршка, насоки и различни активности во нивните заедници, додека волонтерите, од друга страна, ќе бидат обучени и подготвени да ги разберат потребите и предизвиците на бегалците и лицата без државјанство, и преку спроведување различни активности, ќе помогнат при надминување на истите.

Главни цели на програмата:

  • Поддршка и менторство за зајакнување на односот на локалната заедница со баратели на азил, како и лица под меѓународна заштита, вклучувајќи бегалци, лица под супсидијарна заштита, лица под привремена заштита (присилно раселени лица) и лица без државјанство;
  • Адресирање и надминување на предизвици со кои се соочуваат присилно раселените лица и лицата без државјанство и поттикнување на чувство за припадност;
  • Културолошка интеграција во новите средини: изучување јазик, образование, учество на спортски или социјални настани итн.;
  • Стекнување вештини за вработување како што се ИТ вештини, тврди и меки вештини или изучување странски јазици.
  • Зајакнување на целокупната благосостојба на присилно раселените лица и лицата без државјанство, овозможувајќи им да ги надминат предизвиците и да напредуваат.

Пред официјалното започнување на програмата, предвиден е дводневен тренинг на кој искусни предавачи ќе спроведат обука за волонтерите која ќе ги опфати и вклучи следните области:

  • Присилно раселени лица (различни категории) и лица без државјанство;
  • Културолошка чувствителност и свесност;
  • Работење со свесност за минати трауми;
  • Ефективна комуникација и активно слушање;
  • Поставување цели и следење напредок;
  • Спречување на сексуална експлоатација и злоупотреба.
 

Критериуми за предавачи:

  • Образование и искуство: Завршено високо образование во областа на психологијата, социологијата, социјалната работа или сродни дисциплини. Претходно работно искуство во областа на ментално здравје, социјална поддршка, работа со ранливи групи или обука на возрасни ќе се смета за предност;
  • Познавање на проблематиката: демонстрирано разбирање на предизвиците со кои се соочуваат  присилно раселените лица и лицата без државјанство;
  • Обучувачки вештини: oдлични комуникациски и презентациски вештини, способност за ангажирање на учесниците и пренесување на сложени информации на јасен и разбирлив начин;
  • Културолошка сензитивност: способност за создавање инклузивна и безбедна средина за учење, почитување на различните културни позадини и искуства;
  • Флексибилност и прилагодливост: подготвеност за прилагодување на содржината и методологијата на обуката според потребите на учесниците.
 

Дополнителни информации:

  • Предавачите ќе бидат избрани врз основа на нивната стручност, искуство и способност да ги исполнат специфичните потреби на програмата;
  • Секој предавач ќе има можност да ја прилагоди содржината на својата обука во согласност со насоките на МОФ и УНХЦР.
 

Специфичното предавање на секој предавач ќе биде договорено во координација со МОФ и УНХЦР.

Критериуми за волонтери:

  • Да се на возраст од 18 до 35 години;
  • Интерес и желба за запознавање луѓе од различни култури и за помагање на луѓе кои бегаат од војна и прогон или пак живеат без правен идентитет.
 

Што добивате со учество во програмата:

  • Бесплатна обука: ќе учествувате на дводневна обука водена од експерти, каде ќе се стекнете со знаења и вештини потребни за успешно менторство и поддршка на бегалци и лица без државјанство. Обуката ќе ги опфати темите како што се интеркултурна комуникација, справување со траума, градење доверба и решавање конфликти
  • Менторска поддршка: ќе имате постојана поддршка од страна на програмскиот тим во текот на целата програма. Ќе можете да се консултирате со искусни професионалци и да добиете насоки за справување со потенцијални предизвици
  • Запознавање нови луѓе и култури: ќе имате можност да запознаете луѓе од различни средини и култури, да научите за нивните приказни и да изградите нови пријателства
  • Вмрежување: Ќе имате можност да се вмрежите со други млади луѓе кои делат слични интереси и вредности. Ќе споделувате искуства, ќе учите едни од други и ќе градите професионални контакти.
 

Временска рамка:

Програмата е предвиденo да започне на почетокот на октомври 2024 година и да трае до декември 2024 година.

*Менторскиот однос може да трае додека двете страни не почувствуваат дека нивните цели се постигнати.

Начин на пријавување:
Сите заинтересирани лица можат да го искажат својот интерес со пополнување на пријавите подолу.

Рокот за пријавување е продолжен до понеделник, 30 септември 2024 година (23:59ч).

Пријава за волонтери
Пријава за предавачи

Доколку имате потреба од дополнителни информации, ве молиме обратете се на: orce_nikolovski@mof.org.mk или на 072 252 009.

МОФ го задржува правото да ги исконтактира само оние кандидати коишто ги исполнуваат условите. Лицата коишто ќе бидат избрани ќе биде ангажирани хонорарно преку Договор за авторско дело и исплатата ќе оди преку авторска агенција.

Повикот за волонтери е отворен во рамки на проектот „Ангажирање на младите за подобрување на наративот за луѓето за кои УНХЦР се залага” поддржан од УНХЦР.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: