Младински образовен форум (МОФ) отвoра повик за волонтери за настан за одбележување на Меѓународниот ден на младите кој ќе се одржи на 11 август 2023 година во Скопје, во градскиот парк – Школка, со почеток во 19:00 часот.
Настанот е организиран од Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА во Скопје и Младински образовен форум – МОФ во партнерство со Агенцијата за млади и спорт – АМС, Програмата за развој на Обединети нации – УНДП, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Активност на УСАИД за млади кои активно создаваат можности.
Овој настан е посветен на младите луѓе и негова цел е да ја поттикне младинската ангажираност, креативноста на младите и граѓанското учество. Ова е прекрасна прилика за промоција на улогата на младите во општественото делување.
Програмата на настанот ги вклучува следните активности:
- 19:00 часот – Отворање на настанот со музички перформанс на Алдин Мурати;
- 19:15 часот – Почетни зборови од претставници на канцеларијата на ОН во Северна Македонија и Наумче Мојсовски, Директор на Агенцијата за млади и спорт;
- 19:30 часот – Промоција на Националната стратегија за млади 2023-2027 година;
- 19:45 часот – Церемонија за доделување на награди за Младинско учество од страна на Агенција за млади и спорт и Национален младински совет на Македонија;
- 20:00 часот – Штандови на интернационални, чадор, младински организации и организации на млади, институции за млади и социјални претпријатија;
- Уметници кои ќе креираат уметничко дело на самиот настан кое ќе ја промовира овогодинешната тема на Меѓународниот ден за млади;
- Штанд со храна за учесниците на настанот, во соработка со FJ Culinary School (вклучувајќи готвење во живо);
- 21:00 часот – Концерт на бендови од „Гола Планина Колектив“ и Roma Rock School.
Обврските и задачите на волонтерите ќе вклучуваат:
- Асистирање при организирање и логистика на настанот и
- Асистирање при координација на промотивни штандови и посетители.
Сите заинтересирани волонтери може да се пријават на следниот линк, најдоцна до 10-ти август (четврток) до 13:00 часот. Заинтересираните кандидати треба да бидат во можност да волонтираат на 11-ти август, од 18 до 23 часот, за целото времетраење на настанот.
Пред настанот ќе се организира состанок за координација на сите пријавени волонтери.
Лице за контакт:
Орце Николовски
+38978421564