Повик за ангажирање на едно лице – Специјалист за активности во Американското катче во Скопје
Американските катчиња во Македонија бараат сигурна, организирана, одговорна личност со силни комуникациски вештини за ангажман во Американското катче во Скопје
Локација: Американско катче во Скопје
Рок на пријавување: 4 февруари, 2019 година
Почеток на ангажман: 20 февруари 2019 година
Ангажманот предвидува обврски од 20 часа неделно
Обврски и одговорности:
- Креирање, дизајнирање и организирање на активности (програми) и настани, во соработка со персоналот од американските катчиња и Амбасадата на САД, со посебен акцент на наука и технологија, млади, образование, учење на англиски јазик итн.
- Подготовка на просторијата, промотивните материјали, логистикате, содржини на социјални медиуми итн. за активностите и настаните на катчето.
- Комуницирање и вмрежување со другите Американски катчиња, образовни центри, универзитети, културни центри и организации од граѓанското општество.
- Водење прецизна евиденција за користење на материјали, броеви и видови на клиенти, посетители итн., како и подготовка на статистички и наративни извештаи за активностите на катчето.
- Обучување на волонтери, членови на катчето и заедницата за да можат да помогнат во активностите на Американското катче во Скопје (АК Скопје).
- Одржување на опремата, книгите и библиотечниот систем на АК Скопје.
- Внесување нови членови во библиотечниот систем, проверка и враќање книги.
- Пружање помош на членовите на АК Скопје за лоцирање и користење на референтни материјали.
- Администрирање TOEFL и GRE тестови.
Потребни квалификации:
- Способност да комуницира ефикасно усно и писмено на англиски и македонски јазик. Познавањето на албански јазик ќе се смета за предност.
- Завршено средно образование. Завршено високо образование во областа на англиски јазик, образование, бизнис, информатика ќе се смета за предност.
- Одлични основни компјутерски вештини, вклучувајќи одлично познавање на Microsoft Windows и Microsoft Office.
- Искуство со маркетинг и работа со социјални медиуми ќе се смета за предност. За релевантно искуство се смета докажана способност за користење на основен софтвер за графички дизајн, софтвер за веб дизајн или други технички компјутерски вештини за рекламирање и/ или организирање на настани.
- Се бара ентузијастички пристап кон организирање и промовирање на настани за млади. Искуство во планирање на настани и нивно спроведување ќе се смета за предност.
- Способност и искуство за фасилитирање и учество во групни активности. Избраниот кандидат мора да е способен да работи со луѓе од различни профили, вклучувајќи ги и младите, возрасните, постарите лица и лицата со посебни потреби.
- Способност за подготвување и ажурирање на пишани извештаи и коресподенција.
- Докажани вештини за работа со клиентите и способност да комуницира ефективно, јасно и соодветно со колегите, посетителите и општата јавност, усно и писмено.
- Докажани презентациски способности.
- Познавање на историјата, вредностите, општеството, културата и образованието во Соединетите Американски Држави.
Начин на пријавување:
Заинтересираните кандидати за овој ангажман треба да поднесат кратка биографија (CV) или резиме и пропратно писмо на англиски јазик (cover letter) на acmvacancies@state.gov. Во насловот на вашата пораката ве молиме напишете “ACS Vacancy Skopje”. Рокот за пријавување е 4ти февруари (понеделник) 2019.
Избраните кандидати ќе бидат контактирани за интервју. Интервјуата ќе се одржат на англиски јазик.
За Американските катчиња во Македонија:
Американските катчиња во Македонија се центри кои обезбедуваат информации за Соединетите Американски Држави и го поттикнуваат дијалогот и соработката меѓу луѓето од САД и од Република Македонија преку можности за учење, професионален развој и активности за културна размена. Американските катчиња служат како места за одржување говори, дискусии, филмски или видео прикажувања, празници, часови по англиски јазик, состаноци на луѓе кои студирале или патувале во Соединетите Американски Држави, програми за професионален и образовен развој кои се спроведуваат во американски стил, и други настани. Американските катчиња се поддржани од страна на Стејт Департментот на САД и се администрираат преку Секторот за односи со јавноста на Амбасадата на САД во Скопје.