Прашалник за мапирање на младински организации, иницијативи, средношколски и студентски тела и локални младински совет

Во претстојниот период, Младински образовен форум (МОФ) ќе работи на мапирање на младински организации, иницијативи, средношколски и студентски тела и локални младински совети , со цел да понуди поддршка во вид на обуки и вмрежување.

За таа цел, Ве повикуваме да го пополните или споделите отворениот прашалник преку кој ќе се идентификуваат потребите на овие групи, во однос на нивното секојдневно работење, како и долгорочните планови.

Прашалникот може да го пополните на следниов ЛИНК.

Дополнително, преку оваа иницијатива, групите ќе имаат можност да бидат поврзани со меѓународни организации со цел вмрежување, партнерство, менторство или споделување на искуство.

Оваа иницијатива се спроведува во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници во партнерство со МОФ и Центарот за развој на менаџери и претприемачи
(CEED Hub) Скопје.

Организациите, иницијативите, средношколските, студентските тела и локалните младински совети што ќе ја пополнат формата ќе бидат контактирани во текот на наредните месеци со можност за посета на обука во некоја од избраните области.

Мислењата изразени на оваа веб страница им припаѓаат на авторите/МОФ и не ги изразуваат тавовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави (САД).

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: