Правниот факултет ,,Јустинијан Први” и Младинскиот образовен форум (МОФ) ве повикуваат да бидете дел од обуката за Британска парламентарна дебата. Британската парламентарна дебата е најпознатиот формат на дебатирање на универзитетскониво и присутен на најголем број универзитети во светот. Моделот на дебатирање е превземен од британскиот парламент.
Обуката ќе биде во времетраење од два часа, а предавањата ќе ги одржуваат искусни предавачи и дебатери од МОФ.
Право на учество имаат сите студенти на додипломски студии на Правниот факултет од сите насоки.
Со пријавување на овој повик добивате обука за Британска парламентарна дебата, можност за учество на дебатен турнир како и сертификат за успешно помината обука за Британска парламентарна дебата.
Пријавувањето за обуката и турнирот се вршат во тимови од по двајца говорници, најдоцна до 27 –ти април 2012.
Апликацијата за учество е достапна за превземање на следниот линк а рокот за пријавување е 24-ти април.
Доколку имате било какви прашања, контактирајте не на pfdebata@gmail.com
Одговорни лица од Правен факултет:
м-р Александар Љ. Спасов
м-р Марко Кртолица
Одговорно лице од МОФ:
Стефан Ристовски