Со почеток во месец март 2010 година, па се до крајот на годината, на Правниот Факултет “Јустинијан Први“ ќе функционира Правна клиника за слободен пристап до информации од јавен карактер. Станува збор за новоотворена канцеларија која цели да го промовира Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер помеѓу студентите на различни факултети и да работи на подигнување на свеста кај студентската популација за можностите кои ги нуди овој закон, а воедно да овозможи практична работа во правното поле за студентите од административната група на Правниот факултет преку давање бесплатно правно советување за сите заинтересирани страни за поднесување барања на основа на Законот за слободен пристап. Една од активностите на проектот е изработка на истражување на тема од интерес на студентите, користејќи го законот како алатка за спроведување на истото. Покрај истражувањето, студентите кои ќе бидат вклучени во правната клиника ќе учествуваат на низа обуки кои ќе бидат организирани од искусни предавачи во оваа област, главно од Македонско здружение на млади правници (МЗМП).
Правната клиника е отворена за консултации и давање правни совети на сите заинтересирани странки во врска со Законот за слободен пристап и поднесување на барања врз основа на истиот (преку отворени денови за консултации, користење на интернет каналите за комуникација-skype, facebook, web, e-mail), така што студентите и пошироката јавност ќе имаат многу можности за избор на начинот на кој ќе може да ја искористат правната помош која ќе ја дава оваа канцеларија. За да се приближи работата на клиниката до студенти од повеќе факултети, ќе бидат организирани јавни, отворени настани (трибини) на другите факултети за претставување на Законот за слободен пристап на студентите и можностите кои ги нуди.
Како резултат на оваа соработка, на Правниот факултет ќе се воведе предмет Слободен пристап до информации од јавен карактер за студентите на мастер студиите кој што ќе нуди практично искуство на студентите преку Правната клиника за слободен пристап до информации од јавен карактер, чија канцеларија се наоѓа во просториите на Правниот факултет.
Комуницирајте со канцеларијата на Правната Клиника преку facebook каналот.
Проектен тим:
Координатор: Сања Божовиќ sbozovic87@gmail.com
PR Асистент: Атанас Димитров atanas_dimitrov@mof.org.mk
Истражувачи:
Лазар Поп Иванов lazepopivanov@gmail.com
Моника Божиновска monikabozinoska@gmail.com