Во периодот 10-13 Март тренери од Младинскиот образовен форум одржаа тренинг за тренери по дебата – DIN методологија. Тренингот го означи почетокот на имплементација на ‘Debate in the Neighbourhood’ (Дебата во соседството) проектот, организиран од ИДЕА ЈИЕ во соработка со МОФ, со поддршка од Roma Initiatives Office (ФОО Будимпешта).
DIN методологијата за предавање и практикување на дебата е видоизменет формат на компетитивно дебатирање, во кој преку имплементација и зголемен фокус на практични вежби се учат вештините потребни за аргументирано изразување. Главната цел на програмата е да им даде на млади Роми во четири општини во Р. Македонија алатки потребни за да ги промовираат нивните права и потреби. Координатцијата на проектот смета дека дебатата е начинот на кој најлесно може да се отфрли социјалната стигма и да се доведе до намалување на јазот помеѓу Ромите и останатото население во општеството.
Во текот на два дена, Кирил Арсовски и Марко Ѓорѓиев, го пренесоа своето знаење на 10 активисти од 4 невладини организации. ‘Поради тоа што ДИН е млад формат, изворно напишан на англиски, истиот моравме малку да го модифицираме. На страна од преводот, вежбите имплементирани во истиот не соодветствуваа за нашите потреби за што употребивме вежби кои ги користиме на регуларните дебатни предавања кои веќе ги држиме во рамките на МОФ. Позитивната работа во целиот овој пристап е тоа што и ние учевме во процесот на предавање на самата материја, што доведе до поголема интерактивност и според мене, поуспешен тренинг.’ – изјави Марко Ѓорѓиев. Тренингот се одржа во хотелот ‘Романтик’, лоциран на Велешкото езеро.