Младински образовен форум ве кани на бесплатното предавање „Finance for Non-finance” со Данчо Димков.
Предавањето ќе се одржи на 22 април 2019 (понеделник) со почеток во 18:00 часот во просториите на Јавна соба (ул. 50 Дивизија бр.22, Скопје) и ќе биде на македонски јазик.
Ќе имате можност да научите повеќе за:
– Корисници на финансиски информации
– Основни финансиски поими (приход, трошок, профит, загуба)
– Директни и општи трошоци vs. фиксни и варијабилни трошоци
– Платите како трошок
– Амортизација – што е и како се користи/пресметува?
– Видови на приход
– Предвидување на план на продажба
За предавачот:
Данчо Димков е сериски претприемач со докажано искуство во започнување на бизниси, како и помагање на други стартапи и мали и средни претпријатија. Академски, тој е М-р за Претприемништво и ExMBA за Mенаџмент. Комбинирајќи искуство и академско знаење, во 2016 година ја основа консултантската компанија за менаџмент BizzBee Solutions – која поддржува 200+ претприемачи и стартапи.
Ова предавање е дел од проектот „Ангажирање на приватниот сектор во образование за претприемништво“ кој во државата се спроведува од страна Младински образовен форум (МОФ) и Институт за европска политика (ЕПИ), со поддршка од Центарот за меѓународно приватно претприемништво (CIPE).