На ден 9.5 (сабота) и 16.5 (сабота) 2015 година во просториите на Младински образовен форум (Скопје) и Младински културен центар (Битола), Љупчо Стојковски асистентот на правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, при катедрата по меѓународно право одржа гостински предавања за 15-тина членови на напредните Учиме право клубови.
На предавањата од час и половина, Љупчо зборуваше за „Меѓународно воено и хуманитарно право“. На предавањата средношколците се запознаа со поимите воени конфликти, правото на употреба на сила (Ius ad bellum) и право во војна (Ius in bello). Средношколците дистутираа на тези кога една војна е легална и легитимна. Тие исто така се
запознаа со поимот меѓународно хуманитарно право кое како право служи за хуманизирање на војната и регулирање на средствата и методите при употреба на сила. Љупчо презентираше членови од Женевските конвенции и дополнителните протоколи. Средношколците имаа можност преку практични примери да направат дистинкција помеѓу меѓународни, интернационални, внатрешни конфликти и внатрешни немири, затегнатости,
побуни и демонстрации.
Во делот на прашања средношколците повеќе сакаа да дознаат за протестите во Скопје на 5.5.2015 година и терористичките напади во Куманово 9 мај (сабота) 2015 година, и да направат дистикција кога се употребува домашното право, а кога меѓународно право. Тие сакаа да дознаат за воените конфликти во Сирија, Либан, Нигерија, Ирак, Авганистан и како меѓународното право ги регулира употребата на сила и како ја хуманизира војната со цел да ги заштити цивилите.