Предавање: Онлајн безбедност на генерацијата Z: Како до приватна и безбедна комуникација на интернет?

Кога голем дел од нашите животи, учење, дружење и забава се случуваат онлајн, може да го искористиме периодов за да си ја подобриме безбедноста во дигиталниот простор. На ова предавање ќе зборуваме како да имаме безбедна приватна онлајн комуникација, да се заштитиме од онлајн вознемирување или булинг, фишинг, злоупотреба на податоци и како да се грижиме за менталното здравје додека сме онлајн.

Предавањето „Онлајн безбедност на генерацијата Z: Како до приватна и безбедна комуникација на интернет?“ кое ќе се одржи на 27-ми февруари (сабота) во 16:00 часот ќе се обиде да ви одговори на овие прашања. Предавањето ќе го одржи Гоце Арсовски од Фондација Метаморфозис.

Учесниците на предавањето ќе добијат информации како безбедно да го користат дигиталниот простор, да ги препознаат заканите и да ја заштитат нивната приватност.

За да присуствувате на предавањето потребно е да се регистрирате однапред на следниот линк: https://forms.gle/SSi5MJFp3WgyDMzW7 најдоцна до 26-ти февруари (петок). Пред настанот на вашата мејл адреса ќе Ви биде споделен линк за приклучување на Zoom.

За предавачот: Гоце Арсовски е Офицер за програмска поддршка во Фондацијата Метаморфозис. Тој е психолог, истражувач, и искусен тренер, кој работи во невладиниот сектор во последните седум години. За ова време, тој одржа десетици тренинзи и вебинари на теми како што се користење отворени образовни ресурси, кампањи за застапување на социјалните медиуми, сајбербезбедност и сигурност, анализа на податоци и визуелизација на податоци, институционална отвореност и транспарентност, и многу други.

Настанот е организиран од Младински образовен форум со поддршка од Иницијативата за демократија на Западен Балкан на Фондацијата за демократија на Вестминстер.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: