Барај
Close this search box.

Предавање „Техники за подобро учење, помнење и справување со онлајн настава“

Во оваа година полна со предизвици, особено за учениците кои поминуваат голем дел од своето време онлајн и се заситени од онлајн наставата, потребно е да се понудат алатки за полесно справување со ситуацијата. На ова предавање ќе зборуваме за техники за подобро учење за учениците кои имаат проблем со учењето и помнењето.

Предавањето „Техники за подобро учење, помнење и справување со онлајн настава“ ќе се одржи на 15-ти март во 18:00 часот.  Предавањето ќе го одржат Ивана Цилевска и Клементина Добревска од Психеско.

Учесниците на предавањето ќе се здобијат со корисни техники и совети за подобро учење и помнење, ќе добијат информации како полесно да менаџираат со онлајн наставата, но и како да се справат со стресот од ваквата настава преку примери и дискусија.

За да присуствувате на предавањето потребно е да се регистрирате однапред на следниот линк најдоцна до 14-ти март (недела). Пред настанот на вашата мејл адреса ќе Ви биде споделен линк за приклучување на Zoom.

За предавачите:

Ивана Цилевска е студентка од трета година на Институот за Психологија при УКИМ. Активен член е на ЗСП Психеско веќе 3 години, а од 2020 година ја има функцијата на Координатор на Човечки Ресурси во здружението. Дел е од многубројни организации и ужива да учествува во различни проекти. Особен афинитет има кон истражувачкиот дел на психологијата.

Клементина Добревска, апсолвент на Институтот за Психологија при УКИМ и претседател на ЗСП Психеско. Слободното време го користи како волонтер во првата детска амбасада – Меѓаши. Заинтересирана е за хуманистичките пристапи од психологијата, а најинтересна област и е форензичка и детска психологија.

Настанот е организиран од Младински образовен форум со поддршка од Иницијативата за демократија на Западен Балкан на Фондацијата за демократија на Вестминстер.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: