Предновогодишна забава на МОФ

На 26.12.2018 година, членовите на младинските клубови на МОФ (Учиме право, Дебата и Медиа/Арт) ја испратија 2018-тата со забава во МОФ. Во конференциската сала се одржа предновогодишен Учиме право квиз кој беше наменет за оние кои сакаа да си ги измерат силите во следниве категории: „Учиме право“, „Општа култура“, „Како беше текстот?“, „Гатанки“ и „Учиме право 2“. Победи тимот „Ептен напредни“ составен од членовите на скопскиот Напреден Учиме право клуб.

Во тренинг-салата пак, се играше и пееше караоке каде што најопуштените се фатија за микрофон и ги испеаја најактуелните, но и ретро хитови од македонската и странската музичка сцена.

Младински образовен форум на сите свои членови им ја честита новата 2019-та година и им посакува многу среќа, здравје, љубов и успех на личен и професионален план. Се гледаме во наредната година со нови сили и енергија за истрајност во борбата со новите предизвици.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: