Преку комуникација, средби и заеднички активности до интеграција на младите

 Јавна дебата: “Сите средни училишта во Македонија (не) треба да се мултиетнички”

Денес, на 23ти мај 2012 година, со почеток во 12 часот во просториите на Општина Карпош се одржа третата по ред јавна дебата од циклусот јавни дебати кој Младински образовен форум ги организира во соработка со Општина Карпош.

Темата на денешната јавна дебата е “Сите средни училишта во Македонија (не) треба да се мултиетнички”.

На оваа јавна дебата, ставовите на младите беа единствени во однос на потребата од почесто среќавање, другарување и запознавање како начин за надминување на сегрегацијата која се почесто се среќава. Дел од средношколците на оваа дебата ги поддржуваа меѓуетничките училишта како начин на надминување на поделеноста помеѓу нив. Младите се тие што ја носат одговорноста за постигнување на кохезија во општеството, а тоа може да успее само ако младите уште од средношколските клупи практикуваат интензивирана комуникација со своите соученици припадници на различни етнички групи – говореа дебатерите од страна на афирмативниот тим. Од друга страна,  припадниците на негацискиот тим потенцираа дека иако интегрирано образование е нашата највисока цел, чекорите за да го постигнеме тоа треба да бидат постепени и  испланирани како и од финансиски така и од социјален аспект.

Џабир Дерала, претседател на Цивил, како потенцијално решение го издвои соодветното имплементирање на Стратегијата за интегрирано образование која не само што нуди можност за соживот помеѓу младите но и градење посилни и помоќни индивидуи кои учат во современи училишта.

 „Мултиетнички треба да бидат и градинките и основните училишта. Позитивни примери за коегзистенција постојат. Културата на соживот ја креираат домашното воспитување, училиштата, родителите и медиумите, сите тие имаат голема улога во постигнување на интеграција во општеството“ – Катерина Топалова, Алфа телевизија

 

Наместо да создаваме општество со острови на омраза, ние создаваме море на омраза, со острови на кохезија. Примери дека овие острови на кохезија постојат ги гледаме во чаршија, на јавни дебати и во дел од училиштата. Младите немаат проблем за комуницираат, имаат заеднички вредности, заеднички младински цели за кои се борат. Проблемот е што овие модели не се реплицираат и не добиваат на важност во јавноста, кај медиумите и политичарите“ – Петрит Сарачини, МИМ

Заклучокот од денешната јавна дебата е дека сите страни се стремат кон интеграција, но различни се алатките и политиките преку кои може да се постигне соживот и комуникација. Од голема важност е пласирање на позитивните примери на соживот во јавниот дискурс, кои може да помогнат кон интеграција и сите релевантни фактори треба да одвојат време и да обезбедат простор и услови за интеграцијата да успее.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: