На 14ти јуни, со почеток во 12 часот се одржа првиот јавен настан „Искажи го својот проблем и заедно да го решиме“ на иницијативата за основање на младински совет во општина Делчево, дел од проектот на Младински образовен форум и Центарот за интеркултурен дијалог „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“, финансиран од Европска
Оваа локална акција, која се случуваше во градскиот парк во Делчево, се спроведе со цел младите во општината да имаат начин како да ги искажат своите проблеми, потреби и идеи за идно подобрување на нивната состојба. На настанот беа поставени штанд, табла и кутија на која младите ги запишаа своите потреби, проблеми и идеи, а по завршувањето на настанот организаторите спроведоа анкета во СОУ Методи Митевски Брицо- Делчево, и заедно со проблемите, потребите и идеите од настанот направија анализа на истите и ја доставија до Градоначалникот на општината очекувајќи во иднина коментар и писмен одговор-реакција на резултатите од анализата на потребите проблемите и приоритетите искажани од страна на младите.
Валерија Соколова локален координатор на проектот го отвори настанот со поздравен говор и ги повика младите од општината да се земат учество на локалниот настан и слободно да ги запишаат своите потреби, проблемите со кои се соочуваат и да дадат свои идеи со цел нивната состојба да се подобри во иднина.
Учесниците ги поздравија и претседателот на Регионалниот Центар за Застапување Тони Стоименовски, Лендита Ајдини проектен асистент од Центарот за Меѓукултурен Дијалог од Куманово и Градоначалникот на општина Делчево Дарко Шехтански со што ги поздравија учесниците и ги повикаа на слободно изразување и запишување на проблемите, потребите и своите идеи со цел истите во идниа да не бидат проблеми и потреби туку реализирани идеи.
Настанот се затвори во 15 часот со завршен говор на организаторите на локалниот настан.
Проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“ е насочен кон младите луѓе, младинските организации и сите форми на младинско здружување и локалната самоуправа. Главната цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на младинското здружување на локално ниво, нивно формално препознавање од страна на општините, како и заедничка работа за унапредување на младинските политики на локално ниво, преку развој на младински активизам, младинска работа и младинско учество во процесите на донесување на одлуки. Проектот вклучува соработка со локалните самоуправи, локални акции и јавен процес на основање Локални младински совети, со поддршка од локалната самоуправа во 12 општини, а е финансиран од Европска Унија (Регионална ИПА програма).