Младински образовен форум (МОФ) ве кани на прес-конференција на која бидат презентирани собраните потписи на петицијата за прогласување на овогодинешното екстерно тестирање за пилот.
Прес-конференцијата ќе се одржи на 23.07.2013 (вторник) со почеток во 12:00 часот, пред влезот на Министерството за образование и наука.
На прес конференцијата ќе биде соопштен бројот на потписи на петицијата на која граѓаните можеа да се потпишат почнувајќи од трети јули во 17 градови и истата ќе биде доставена до Министерството за образование, заедно со анализа и препораки за спроведувањето на екстерното тестирање.