Претставници на организации од 12 општини поминаа циклус обуки за јакнење на нивните капацитети за младински прашања

Во периодот октомври – ноември, двесте млади земаа дел од различни обуки за јакнење на капацитетите на младински структури како дел од иницијативите за основање на локални младински совет во 12 општини, во рамките на проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“, кој го имплеметираат Младински образовен форум  и Центар за интеркултурен дијалог, а поддржан од Европската Унија. Претставници на голем број младински организации овие два месеци учествуваa на обуки за младински политки, застапување, организација на настани и нови медиуми, организациски менаџмент и запознавање со локалнaта самоуправа, како и креирираат настани и кампањи кои ќе го најават процесот на основање на локални младински совети.

Младите кои земаа учество во Иницијативните одбори, се претставници на организации кои активно работат со млади во овие 12 општини и се пријавија за приклучување кон иницијативата за основање на младински совети како одговор на јавен повик кој беше распишан на почетокот на септември. Овие младински тела, покрај обуките кои ги поминаа, во наредниот период ќе организираат јавни настани и кампањи за потребите на младите во нивните општини.

Оваа иницијатива на МОФ, ЦИД и локалните партнери, поддржана од Европската Унија, започна во јануари оваа година, поддржана од млади лица од овие општини како и од самите локални самоуправи, а ќе резултира со основање на младински совети, во форма која најмногу одговара на специфичните потреби на младите.

Во идниот период покрај јавните настани, ќе се одржат и денови на вмрежување на кои ќе претходи повик, а на кои учество ќе може да земат сите заинтересирани младински организации од соодветните општини. На деновите на вмрежување преку дискусија и во работни групи претставниците на организациите ќе ги креираат форматот и потребните  документи за основање на младинските совети


Проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“ е насочен кон младите луѓе, младинските организации и сите форми на младинско здружување и локалната самоуправа. Главната цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на младинското здружување на локално ниво, нивно формално препознавање од страна на општините, како и заедничка работа за унапредување на младинските политики на локално ниво, преку развој на младински активизам, младинска работа и младинско учество во процесите на донесување на одлуки. Проектот вклучува соработка со локалните самоуправи, локални акции и јавен процес на основање Локални младински совети, со поддршка од локалната самоуправа во 12 општини, а е финансиран од Европска Унија (ИПА програма
– Civil Society Facility).

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: