На 7 март, претставници од мрежата „Млади во криза“ одржаа состанок со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски.
На состанокот на директорот му беа презентирани наодите и препораките од документот „Млади во криза 2.0 – Ефекти од пандемијата врз младите и препораки до институциите“.
Директорот ја поздрави иницијативата на мрежата и отворено ги поддржа препораките во документот, а во врска со доследна примена на Законот за младинско учество и младински политики, креирање на нова Национална стратегија за млади, не извести дека процесот на нејзиното изработување ќе започне во месец мај, како и креирањето на Совет на млади во рамки на Агенцијата за млади и спорт.
Од почетокот на пандемијата, оваа мрежа на организации постојано ги следи промените и дава препораки за олеснување на последиците предизвикани здравствената и општествена криза.
Членки на иницијативата „Млади во криза“ се Младински образовен форум, Реактор – Истражување во акција, Здружение за истражување и анализи (ЗМАИ), ХЕРА, Центар за интеркултурен дијалог, Сојузот на извидници Македонија, Младински сојуз – Крушево, Еквалис, Писхотерапика, ХОПС, Национален младински совет на Македонија, Хелсиншкиот комитет за човекови права и АРНО.
Процесот на криерање на документот и анализите беше поддржан од Фондацијата за демократија на Вестминстер преку Иницијативата за демократија на Западен Балкан.