Во исчекување на Националниот турнир за почетници 2013 овој викенд (20 и 21 декември), во просториите на МОФ ќе се организира презентативна дебата оваа среда (18 декември) во 20 часот. Тезата на дебатата е „Кога ќе го најдеме, лекот за СИДА треба да биде бесплатен“. Во улога на дебатери ќе бидат шест искусни предавачи од дебатната програма на Младинскиот образовен форум. Од афирмативната страна ќе дебатираат: Катерина Васковска, Петар Антевски и Атанас Димитров, а од негативната: Стефан Алексиќ, Марко Димитровски и Марко Ѓорѓиев.
Идејата на презентативната дебата е подобро да се запознаеме со Карл Попер дебатниот формат, како и со вештините за аргументација и презентација. Па затоа, за сите почетници кои ќе учествуваат на турнирот, како и за секој заинтересиран за тезата: Се гледаме во среда!
Дебатната програма е поддржана од Фондација Отворено општество Македонија , Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието и ИДЕА програмскиот грант финансиран од програмата Европа за граѓаните.