Презентација на додипломски и мастер студии Webster University Vienna во просториите на МОФ

Време: 20 март 2013 (среда), 16.00 часот
Локација: Младински образовен форум (www.0.mk/mofmapa)

Во среда, 20 март 2013 година, со почеток во 16.00 часот во просториите на Младински образовен форум, претставници на Webster University од Виена (www.webster.ac.at) ќе одржат презентација на своите програми за сите заинтересирани средношколци, студенти и млади.

Webster University е американски универзитет со повеќе од 100 кампуси во седум земји на три континенти и нуди можност за квалитетно образование и уникатно образовно искуство во САД, Азија и Европа. Дипломата од Webster University Vienna e акредитирана во САД и Австрија, а признаена насекаде во светот.

Webster University Vienna нуди додипломски и мастер студии во следниве полиња:

• Art/Visual Culture
• Business and Management
• International Relations
• Media Communications
• Psychology

На самата презентација присутните ќе можат да дознаат детални информации за програмите кои ги нудат, можностите за аплицирање, животот на Webster University и многу повеќе.

Поради ограничениот број на места, ве молиме потврдете го вашето присуство на brankica_georgievska@mof.org.mk

Сподели