Project HOPE е десетдневен настан за младинска размена која ќе се одржи на 4-14 јули 2014 во Скопје. Размената се фокусира на помагање на младите во разбирање и учество во демократските процеси, како и развој на работните и комуникациски вештини на учениците. Размената ќе ги активира учесниците преку споделување искуства, како и преку обуки и работилници. На размената ќе учествуваат 24 учесници и 10 младински лидери од четири држави: Македонија, Косово, Словенија и Бугаријa.
Повикот за учесници од Македонија е отворен до 26 јуни 2014, а на повикот може да се пријават млади на возраст од 13-17 години, кои имаат добро познавање на англиски јазик. Од Македонија можност да учествуваат ќе имаат 6 учесници. На учесниците кои ќе бидат избрани а не живеат во Скопје ќе им биде обезбедено сместување за настанот и покривање на 70% од патните трошоци.
Бројот на места за учесници е ограничен, а учесниците ќе бидат избрани според својата мотивација, искуство, познвање на англиски јазик и идеи за придонес во работилницата, при што ќе биде водена сметка за диверзитет на групата.
Размената ќе опфаќа предавања поделени во 2 дела. Првиот дел од размената е фокусиран на градење на лични и работни вештини преку предавања и работилници за: односи со јавноста, пишување на ЦВ, симулација на интервју, менаџирање на проекти, менаџирање на сопственото време. Во вториот дел од размената, ќе се одржат предавања за: улогата на активизмот во општеството, европски приказни за активизам, вештини на јавно говорење и симулација на модел европски парламент.
Предавањата и работилниците ќе траат секој ден од 10:00 – 20:30 часот, со вклучени ручек и вечера, а ќе се одржуваат во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. Исклучок се 4ти јули (предавањата ќе започнат во 18.30) и 14ти јули (предавањата ќе завршат до 13.30 часот).
Главната цел на проектот е да се крене свеста за младинските можности. Тоа ќе биде остварено преку три аспекти: европски вредности преку ЕУ институции, младинско активирање во демократско општество, искуства и предизвици за младинско вработување. Активностите ќе бидат интерактивни, преку постојано учество на учесниците, преку водење на истите или пак групна работа. Размената има за цел и да поттикне соработка и размена на искуства помеѓу учесниците.
Project HOPE e во организација на млади членови на Младински образовен форум, а во соработка со Sofia Debate Association (Бугарија), Za In Proti (Словенија) и Debate Center (Косово), a поддржан од програмата Youth In Action.
Доколку сакате и вие да бидете дел од оваа размена, повеќе информации можете да добиете тука, а пријавувањето е до 25 јуни на следниот линк. Доколку ви се потребни повеќе информации, пишете ни на youthopp14@gmail.com