НАУЧИ аргументирано да говориш, да ги браниш сопствените ставови, да знаеш да го слушаш соговорникот. ПОБЕДИ ја тремата при јавни настапи, УЧЕСТВУВАЈ во дебатни натпревари.
ПРИЈАВИ СЕ за член во еден од дебатните клубови на Младински образовен форум (МОФ).
Предавањата и вежбите ги водат сертифицирани по ДЕБАТА, а во рамките на годишната програма предвидени се бројни домашни и меѓународни дебатни обуки и натпреварувања.
Членувањето во клубовите е бесплатно и е отворено за ученици од средните училишта во Скопје и другите градови каде МОФ има свои дебатни центри.
Одбери помеѓу понудените термини и вклучи се во дебатното друштво. Предавањата започнуваат на 8-9ти и 15-16ти октомври.
Погледни го нашето промо видео: Приказна од Фејсбук на еден средношколец: Дебата
Термини:
Сабота или недела од 12, 14 и 16 часот
Пријавувањето се врши со испраќање на e-mail со вашето име и презиме, училиште, град, контакт телефон и посакуван термин за предавање на debata@mof.org.mk