Барај
Close this search box.

Пријави се за отвореното предавање „How to become an entrepreneur“ со Ирена Воденска, врвен академик од САД

Четвртото и последно предавање од проектот „Младински претприемачки вештини“ ќе се одржи на 15 мај, сабота, во 17 часот. Предавачката, Ирена Воденска ќе зборува на темата  „How to become an entrepreneur“.

Ирена Воденска е професор по финансии и директор на програми за финансии на Метрополитен колеџ на Универзитетот во Бостон. Таа на предавањето ќе даде осврт на најважните карактеристики кои треба да ги поседува еден претприемач и кои се најважните аспекти на преприемништвото.

Проектот „Младински претприемачки вештини“ има за цел да обезбеди неформално образование на средношколци од областа на претприемништвото и да им обезбеди можност за стекнување практично искуство во приватниот бизнис сектор преку поврзување на младите и училиштата со бизнис секторот од нивната локална заедница. Со тоа ќе се пополни празнината што ја остава формалното образование за практични вештини и применливо знаење кај средношколците.

Како дел од овој проект се и три клубови за средношколци од градовите Струга, Гостивар и Штип, кои секоја недела слушаат предавања од експерти од нашата држава, а за да се обезбеди квалитетна содржина беше создаден курикулум кој беше споделен со Македонската и Американската стопанска комора, локалните бизнис заедници, училиштата, како и со претставниците од одделот за образование во секоја од општините.

Дополнително, на крајот од циклусот на предавања, членовите на клубовите ќе можат да припремат свој бизнис план под водство на ментор и да се пријават на натпреварот кој ќе го организира МОФ.

Покрај паричните награди за прво, второ и трето место, на најдобрите учесници на натпреварот ќе им биде обезбедена и пракса во локална бизнис компанија.  Дополнителни информации за пријавување на овој натпревар ќе бидат објавени на социјалните медиуми на МОФ, како и на страната mof.mk во текот на мај.

За сите кои сакаат да се пријават на отвореното предавање и да слушнат повеќе информации за овој проект и темата можат да се пријават тука .

Не ја пропуштај оваа прилика да слушнеш бесплатно предавање од врвен академик од САД! 

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: