Барај
Close this search box.

Прирачник за аргументирано застапување – Залагање за акција

Младински образовен форум (МОФ) и Фондација ИДЕА Југоисточна Европа, на 27ми мај 2014 година, го промовираа прирачникот “Залагање за акција”, кој претставува водич за застапување предводено од млади лица. Намената на овој прирачник е да биде водич за младите луѓе кои размислуваат да го прифатат предизвикот наречен “залагање за промена”, во име на своите врсници и нивните заедници.

Публикацијата е оригинално издадена од IDEBATE Press, а ИДЕА ЈИЕ и МОФ обезбедија превод, адаптација и печатење на изданието на македонски јазик, со поддршка од Проектот на УСАИД за граѓанско општество и Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Електронската верзија на прирачникот можете да ја симнете тука.

Промоцијата на прирачникот беше придружена со дискусија во која беа претставени практичните и теоретските аспекти од неколку успешни граѓански акции во Македонија, како повлекувањето на предлог-законот за млади, барањата за реновирање на студентскиот дом “Гоце Делчев”, промените во локалните заедници остварени преку иницијативата “Фото глас”, барањата за реконструкција на спортскиот центар во Тетово и акциите за заштита на правото на абортус. Во рамки на дискусијата беше претставена и иницијативата за вклучување на општествената работа во наставните програми за средно образование.

Фото: Ванчо Џамбаски

Медиумски објави:

ТВ 24 вести
А1ОН
Радио МОФ

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: