На 18.02.2021 се одржа првото предавање во циклусот онлајн предавања за заштита на животната средина. Предавањето беше насловено „Природен тек или човеково влијание: Како да се спаси Преспанско Езеро?“ и беше предводено од Драган Арсовски, долгогодишен еко-активист и претставник на Македонското еколошко друштво.
На предавањето Драган зборуваше за историјата на Преспанското езеро и неговата промена низ годините, како и причините кои довеле до моменталниот водостој на езерото. Исто така беа опфатени и можните начини да се регулира водостојот на Преспанското езеро, решение кое за жал не е едноставно и се уште не е конкретизирано.
Предавањето се одржа на платформата ZOOM и беа присутни повеќе од 25 лица кои на крајот на сесијата ги искажаа своите видувања и теории за состојбата на Преспанското езеро.
Ова предавање е дел од кампањата Разбистри се! која ја спроведува ИКС а е финансирана од Британската амбасада.