Продолжен рокот за аплицирање за регионална мобилност на млади истражувачи

Младински образовен форум (МОФ), Центар за наука и иновации за развој (SCiDEV) од Албанија и Центар за образовна политика (ЦЕП) од Србија објавуваат повик за истражување, активизам и зајакнување на регионалната соработка меѓу трите земји наменет за млади лица.

Повикот е дел од Регионалната програма за младинско лидерство за мобилност (RYLMP) за 2022/23 и е отворен за млади луѓе на возраст од 20 до 30 години.

Сите кои се заинтересирани треба да аплицираат со предлог-теми за обработување за време на мобилноста и тоа во склоп на една од овие области: Регионална соработка,  Младинска невработеност, Миграција и одлив на мозоци, Учество на млади и Младинска акција за заштита на животната средина.

Процесот на аплицирање ќе се врши во два чекори. Најпрво сите заинтересирани за аплицирање ќе треба да пополнат формулар за аплицирање кој е достапен на овој линк, биографија (CV) и писмо со препорака, а понатаму ќе биде извршена евалуација на пристигнатите апликации и апликантите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју.

Потоа избраните учесници ќе бидат споени во мешани тимови во согласност со нивните предлог-теми. Сите избрани ќе поминат период на мобилност во времетраење од две до три недели во секоја од земјите, каде што ќе работат на одбраните теми заедно со членовите од тимот и нивните ментори.

Рокот за аплицирање на повикот е најдоцна до 31 јануари 2023 година.

На учесниците кои ќе бидат ќе им биде обезбедена финансиска поддршка за да ги завршат нивните проекти и да ги покријат трошоците за мобилност.

Повеќе информации за повикот може да најдете тука.

За дополнителни прашања може да се обратите на оваа е-адреса: joana_treneska@mof.org.mk

Финансиската поддршка за учество во програмата е обезбедена од Фондацијата Отворено општество.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: