Барај
Close this search box.

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Период на реализација: 01.03.2012 – 30.06.2012

Донатор(и): УСАИД

Краток опис на проектот: „Проектот на УСАИД за граѓанско општество“ е проект на Фондацијата за Отворено Општество – Македонија, на кој Младински образовен форум е партнер- организација. Проектот ќе се реализира во период од 30 месеци и опфаќа млади на возраст од 16-28 години од Скопје, Тетово, Куманово, Дебар, Кичево, Струга, Штип, Делчево, Кратово, Гевгелија, Велес и Битола.

Главни цели на проектот се:

1) Заживување на граѓанското учество во политичкиот и општествениот живот; 2) Поддржување на граѓанското општество активно да се залага за демократски реформи и

3) Подобрување на соработката и здружувањето во граѓанскиот сектор со цел зајакнување на граѓанската одговорност.

Проектот е  сочинет од три главни компоненти:
Компонентата А: Граѓански активизам и учество е дизајнирана да ги зајакне граѓаните и младите да ги препознаат начините на кои можат да се ангажираат во своите заедници и да обезбедат различни нови механизми за нивно учество. Проектот генерира одржлив активизам и влијание преку поврзување на обуките за активно граѓанство со учење низ помагање во заедницата, волонтерство, користење нови медиуми, локални акции, грантови за граѓанско учество и активизам.
Компонентата Б: Мониторинг и застапување
Компонентата В: Соработка и мобилизирање

МОФ во рамките на овој проект се фокусира на првата компонента и своите активности ги реализира во 12 градови ( Скопје, Тетово, Велес, Куманово, Кратово, Делчево, Гевгелија, Дебар, Кичево, Битола, Струга, Штип). Во 2012 беа реализирани 7 локлани настани, 48 обуки за Младински активизам, 12 обуки за Нови медиуми и интернет активизам и 7 посети на институции.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: