Период на реализација: 10.02.2010-10.02.2012 , 01.04.2012 – 28.02.2013
Донатор: Open Society Foundations – New York
Краток опис на проектот: Проектот за младинска независност со своите активности насочени кон млади луѓе има за цел да придонесе за младинскиот активизам и вклученост преку поддршка и промоција на финансиската, политичката и културната самостојност на младите луѓе. Овој проект на младите им овозможи зголемување на можностите за вработување преку обуките и тренинзите притоа оспособувајќи ги младите со знаења и вештини, потребни на пазарот на трудот. Истовремено беше поттикнат и младинскиот активизам преку креирање на одржливи ресурси за квалитетен општествено-културен живот.
За реализација на целите на овој проект беа отворени 5 Младински центри во 5 града во Македонија (Скопје, Штип, Тетово, Битола, Струга). Во секој од овие центри се одвиваа два типа на активности. Првиот дел го претставуваа Обуките за работни вештини кои ги поминаа 450 младите луѓе на кои им се овозможи да ги стекнат овие вештини. Обуките беа составени од следните модули: Комуникациски вештини, Мотивација, тимска работа и лидерство, Проектен циклус менаџмент, Претприемништво и бизнис план, Организација на настани, Маркетин и онлајн маркетинг, ЕУ фондови. Вториот дел ги опфати младинските клубови, кои преку акции дејствуваа како локални ресурсни центри во процесот на вклучување на младите луѓе. Повеќе од 1000 млади во текот на две години колку што траеше проектот имаа можност да се вклучат во трите клубови: Арт клуб, Медиа клуб и Вербал клуб. Членовите на клубовите имаа можност да креираат повеќе од 20 јавни настани со цел да ја промовираат слободата на изразување, индивидуализмот и независноста. Реализираните настани вклучуваа: јавни дискусии, дебати, трибини и конференции, уметнички изведби, фестивали, онлајн кампањи и слично. Дополнително, една од функците на секој од Младинските центри беше да служат како центри за помош при вработување на младите луѓе нудејки им обуки за мотивација и CV, информирање на младите како и помош при аплицирање за работа.