Тековни позначајни проекти на Младински образовен форум:
- Активност на УСАИД за млади кои активно создаваат можности
- Квалитетни образовни политики и можности за младите
- Проект на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието
- Поттикнување на младински активизам преку онлајн медиуми
- Студентска перцепција за дискриминација
- Зајакнување на демократски компетенции и учество на младите луѓе
- Младински претприемачки вештини
- Младински пакети и ангажираност преку кампањи
- Академски стипендии за граѓанското општество
- Хисторија, Историја, Повјест – Лекции за денешницата
Активност на УСАИД за млади кои активно создаваат можности
Активностa на УСАИД за млади кои активно создаваат можности е петгодишна (2023-2028)
иницијатива која има за цел да ги поддржи младите да станат успешни и самостојни, за да
придонесат за нивните заедници и подобра иднина во земјава.
Активноста ја спроведува Унапредување на економиите за посилни заедници, американска
непрофитна организација, во партнерство со Младински образовен форум (МОФ) и Центарот
за развој на менаџери и претприемачи (CEED Hub) Скопје, со поддршка на американскиот
народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).
Во рамките на Активноста, МОФ ќе организира обуки, ќе промовира истражувања и
застапување, ќе поддржи настани предводени од младите и општествено корисна работа.
Преку ваквите иницијативи младите ќе се здобијат со потребните вештини и ресурси за да
станат успешни лидери, да поттикнат култура на интегритет и да направат позитивни промени
во нивните заедници и пошироко.
Повеќе информации се достапни на овој линк.
Мислењата изразени на оваа веб страница им припаѓаат на авторите/МОФ и не ги
изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави
(САД).
Квалитетни образовни политики и можности за младите
Преку проектот „Квалитетни образовни политики и можности за младите“ финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија, Младински образовен форум во текот на 2021 година ќе цели да ги адресира нееднаквостите кои постојат меѓу младите од урбаните и руралните средини преку анализи и истражувања, тековно информирање преку новинарски текстови, стории и објави, учество во работни групи за подобрување на политиките коишто ги засегаат младите, како и иницирање активности за формално и неформално учење за сите млади со помош на дигитална платформа.
Активностите и пристапите кои ќе се спроведат за постигнување на целите на проектот „Квалитетни образовни политики и можности за младите“ се: прибирање на податоци и анализа на животниот стандард на младите во главниот град споредено со младите во помалите градови и руралните средини, креирање на образовни содржини за и простори за критичко размислување кои ќе се вклучат како активност во формалното образование, обезбедување на простор за дигитално образование, следење на политиките за млади и известување за истите и креирање на препораки за поефективно студентско организирање, како и тековно информирање на младите преку професионални новинарски текстови, стории и објави, но и преку содржини креирани од млади за млади кои ќе ги пренесуваат актуелните општествени случувања.
Проект на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието
Цел на проектот: Подобрување на меѓуетничката интеграција преку позитивни интеракции помеѓу етнички мешана младина на ниво на училиштата и на ниво на заедницата и подобрување на содржините по граѓанско образование, вештини и однесувања и пракси на волонтирање кај младите.
Целна група: Сите основни и средни училишта и општини на територија на државата
Компонента 1: Јакнење на меѓуетничката кохезија во образовниот систем
Преку постојана соработка со Министерството за образование и наука, клучните образовни институции и општините, проектот создава можности за интеракција помеѓу училиштатата од различни заедници и создавање на подобра етничка кохезија помеѓу младите.
Компонента 2: Јакнење на демократската култура и граѓанското однесување меѓу младите
Во партнерство со Министерството за образование и наука, проектот ги поддржува промените во содржините на граѓанското образование и воведува методи за унапредување на активното вклучување на учениците во училиштата и процесите на носење одлуки за заедницата.
За повеќе информации, посетете ја страницата: http://www.mcgo.org.mk/projects/usaid-yei/
Поттикнување на младински активизам преку онлајн медиуми
Со проектот Fostering Youth Activism through Online Media, Младински образовен форум, преку мултимедијалната платформа Радио МОФ објавува содржини во форма на кратки вести, истражувачки стории и анализи, како и аудио програма-подкасти кои имаат информативна, веродостојна и објективна медиумска содржина.
Во рамките на овој проект, на едноставен и за младите разбирлив начин се објаснуваат демократските и политичките процеси во државата со цел поттикнување на младинско вклучување во истите. Содржините промовираат критичка мисла, дебата и инволвираност на младите во процесот на креирање политики во, за нив важните, свери од општеството. Дополнително, преку опцијата „Пријави проблем“ поставена на веб страницата на Радио МОФ младите се охрабруваат да ги споделат своите проблеми и заедно со тимот да ги истражат истите.
Донатор: National Endowment for Democracy (NED)
Студентска перцепција за дискриминација
Проектот „Студентска перцепција за дискриминација“ имплементиран од страна на Младински образовен форум (МОФ), ги таргетира четирите најголеми универзитети во државата, односно Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола, како и Државниот универзитет во Тетово.
Главната цел на овој проект е да се актуелизира и намали дискриминацијата во високото образование, а преку креирање на истражување за перцепција на дискриминација на четирите универзитети од страна на студентите, преку спроведување на кампања за актуелизирање на феноменот на дискриминација присутен во високото образование, креирање на едукативен модул за борба против дискриминацијата и подигнување на нивото на студентските права наменет за студентските правобранители на факултетите и универзитетите, и финално и најважно од сѐ, креирање или промена на предлог-политики за унапредување на еднаквоста и намалување на дискриминацијата на факултетите и универзитетите.
Преку овие активности, проектниот тим ќе дојде до конкретни информации за присутноста на дискриминацијата на универзитетите и факултетите, актите и политиките кои ја регулираат, односно санкционираат дискриминацијата, а врз основа на кои ќе се спроведе јавна едукативна кампања и финално ќе се влијае врз креирање и усвојување на предлог-политики во рамки на универзитетите и факултетите насочени токму кон подобрување на еднаквоста и правичноста како и борба против дискриминацијата.
Зајакнување на демократски компетенции и учество на младите луѓе
Проектот е имплементиран од страна МОФ, а подржан од Фондацијата за демократија на Вестминстер, чија цел е потткнување на граѓанското учество на младите луѓе примарно наспроти институциите како и зајакнување на нивните демократски компентеции и капацитети. Проектот се спроведува низ неколку главни активности, односно:
– Младински клубови за демократско учество (средношколски групи)
– Студентски ориентации и отворени предавања
– Младински акции
Младинските клубови се формирани во три града (Скопје, Тетово и Куманово) и во 5 различни училишта – СУГС „Орце Николов“, СУГС „Зеф Љуш – Марку“, ДУЦОР „Партенија Зографски“, СОУ „Перо Наков“ и ССОУ „Моша Пијаде“. Клубовите имаа неделни средби каде што се одржува 10 предавања по однапред утврден курикулум во следните области: Демократија и човекови права, младински организации и структури, институции и политики за млади, активизам и учество и застапување и делување.
Една од активностите во проектот е и Студентската ориентација која претставува редовна практика на голем број на светски универзитети, меѓутоа се уште не е застапена доволно кај нас. Во склоп на проектот се одржаа четири студентски ориентации (Правен факултет „Јустинијан Први“, Природно-математички факултет, Факултет за електротехника и информациски технологии и Државен универзитет Тетово). На студентските ориентации студентите имаат можност да се запознаат со своите права и обврски, начинот на студирање, студентското организирање и др корисни информации поврзани со факултетот и универзитетот.
Младинските акции претставуваат завршен дел од предавањата на младинските клубови каде што учениците во клубовите со финансиска поддшка ќе можат да изведат акција во своето училиште или заедница соработувајќи со надлежната институција а со цел подобрување на условите во рамки на училиштето и заедницата.
Младински пакети и ангажираност преку кампањи
Во проектот „Младински пакети и ангажираност преку кампањи“, финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија, Младинскиот образовен форум е приклучен преку соработка меѓу Еквалис, Хера и Психотерапика, невладини организации фокусирани кон неформално образование на младите на различни теми, меѓу кои менталното здравје и сеопфатната сексуална едукација. Проектот опфаќа изработка на три едукативни видеа од сите вклучени организации. Видеата на Младински образовен форум се фокусираат на темите за критичко размислување, медиумската писменост и аргументираното изразување. Видеата беа изработени во тек на декември 2020, а во тек на 2021 ќе се реализираат Мастеркласови поделени во 4 младински пакети. На секој мастерклас преку видеата учесниците се едуцираат за што е критичко размислување, како може да се користи во секојдневието и кои се карактеристиките на успешен говор. Најактивните учесници на мастер-часовите ја добија можноста да бидат вклучени во изработка на младински кампањи, кои ќе бидат предводени од секоја организација. Кампањите ќе се избработуваат до јуни 2021.
Младински претприемачки вештини
Младински образовен форум имплементира проект „Младински претприемачки вештини“ со цел да ја подобри положбата на младите во општеството и да ги направи активни граѓани, додека се бори против една од клучните причини за иселување на младите – невработеноста.
Проектот ќе ја пополни празнината што ја остава формалното образование за практични вештини и применливо знаење и ќе ги анализира ефектите од тековните мерки за намалување на невработеноста за да придонесе за подобри образовни политики на ниво на училиште.
Во времетраење од девет месеци, проектот ќе се спроведе во три општини: Гостивар, Штип и Охрид и ќе опфати околу 60 средношколци како членови на клубовите кои ќе ги посетуваат редовно неделните предавања. Како дел од надоградувањето на знаењата, се предвидуваат и 4 отворени предавања кои ќе бидат одржани од американски експерти во ова поле. По завршувањето на предавањата, дел од учесниците во клубовите ќе имаат можност во својот град да посетуваат практична настава, односно во локален бизнис да го применат знаењето кое било стекнато за време на предавањата во клубовите.
Проектот ќе го обезбеди неопходното образование за подобрување на нивните шанси за вработување, како и можност за стекнување практични вештини од разни компании, домашни и американски експерти и има за цел да ги зголеми знаењата и вештините на младите што ги прави способни активни граѓани и поконкурентни на пазарот на трудот преку развивање на сопствени идеи, подигнување на јавната свест за вработувањето на младите, квалитетот на образованието и социјалното вклучување на младите и зголемено влијание врз јавни политики во образованието и вработувањето на младите.
Академски стипендии за граѓанското општество
Проектот „Академски стипендии за граѓанското општество“ цели да ја информира и запознае пошироката и стручната јавност со можностите за академски стипендии кои ги нудат Фондациите Отворено општество и истиот ќе се спроведува од април до декември 2021 година.
Преку јавна промоција на повикот за стипендии на веб-страниците на организацијата, мејлинг-листите, партнерските организации и медиумите, проектот ќе допре до голем број на потенцијални кандидати и заинтересирани лица кои се на докторски студии или работат како факултетски кадар во рамки на универзитетите, а би сакале да продолжат со својата академска надградба.
Сите заинтересирани лица ќе може да стапат во контакт со канцеларијата на Младински образовен форум и седиштата на локалните центри и партнерските организации и да добијат повеќе информации и одговори на своите прашања преку разни канали за комуникација, како и преку индивидуални или групни средби.
Дополнително, поранешните корисници на стипендиите (алумни) ќе споделат дел од своите искуства со членовите на МОФ и ќе земат учество на тематски младински дискусии, а ќе помогнат и при понатамошна дисеминација на повиците и информациите за стипендиите.
Хисторија, Историја, Повјест – Лекции за денешницата
Проектот „Хисторија, историја, повјест – лекции за сегашноста“ е лансиран во 2015 година од страна на Куќата на Ана Франк, во соработка со локалните партнерски организации од Хрватска (Хрватска образовна и развојна мрежа за еволуција на комуникацијата – ХЕРМЕС), Босна и Херцеговина (Младинска иницијатива за човекови права – YIHR и Хуманост во акција – HIA), Србија (Отворена комуникација – ОК) и Северна Македонија (Младински образовен форум – МОФ). Проектот има за цел да подигне свест и да покрене дискусија за скорешната историја на национализам, ексклузија, предрасуди, дискриминација во регионот и да промовираме дебата и дијалог за нашето заедничко минато. Исто така, сакаж да промовираж критичко мислење за историски настани и нивното значење за современи предизвици, како и да инспирира историско образование кое е интердисциплинарно граѓанско образование. Повеќе информации за проектот може да се најдат на: http://historijaistorijapovijest.org