Тековни проекти

Проекти

Активност на УСАИД за млади кои активно создаваат можности (2023 – 2028)

Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности е петгодишна иницијатива која има за цел да ги поддржи младите да станат успешни и самостојни, за да придонесат за нивните заедници и подобра иднина во земјава.

Активноста ја спроведува Унапредување на економиите за посилни заедници, американска непрофитна организација, во партнерство со Младински образовен форум (МОФ) и Центарот за развој на менаџери и претприемачи (CEED Hub) Скопје, со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

Во рамките на Активноста, МОФ ќе организира обуки, ќе промовира истражувања и застапување, ќе поддржи настани предводени од младите и општествено корисна работа. Преку ваквите иницијативи младите ќе се здобијат со потребните вештини и ресурси за да станат успешни лидери, да поттикнат култура на интегритет и да направат позитивни промени во нивните заедници и пошироко.

Повеќе информации се достапни на овој линк.

Мислењата изразени на оваа веб страница им припаѓаат на авторите/МОФ и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави (САД).

Проект на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“ (2021 – 2026)

„Младите размислуваат“ е петгодишна програма која работи со младите за да им помогне подобро да се снаоѓаат во денешниот информативен екосистем и да учествуваат во него на начин што ќе информира и вклучува, наместо да разделува и поларизира. Надоврзувајќи се на пристапот на ИРЕКС „Учиме да распознаваме“ за градење вештини за медиумска и информациска писменост, овој проект ја поттикнува свеста за медиумската писменост ширум општеството, преку партнерства со училишта и универзитети, поддршка за младински клубови, кампањи предводени од младите и можности за млади новинари и медиуми.

„Младите размислуваат“ им дава приоритет на младите додека тие бараат и развиваат висококвалитетна и привлечна информативна содржина што ги задоволува нивните потреби и интереси.

Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“ е спроведен од страна на Меѓународниот одбор за истражување и размена (ИРЕКС) во соработка со локалните партнери Македонскиот институт за медиуми (МИМ), Институтот за комуникациски студии (ИКС) и Младинскиот образовен форум (МОФ), а е финансиски поддржан од УСАИД.

Генерална организациска поддршка на Младински Образовен Форум (2023 – 2024)

Преку генералната организациска поддршка, Младински образовен форум ги адресира нееднаквите можности меѓу младите во актуелните образовни и младински политики преку креирање на анализи и истражувања, учество во работни групи за креирање и подобрување на младинските политики, тековно информирање преку новинарски текстови и продукти и овозможување еднаков пристап до формално и неформално образование за млади.

МОФ овие заложби ги реализира преку креирање партнерства со локални младински и национални организации и јакнење на капацитетите на малите локални и тематски младински организации како и студентските претставнички тела.

Проектот е насочен кон постигнување на следните цели:

  1. Еднаков пристап до квалитетно формално и неформално образование за млади и
  2. Едукација, застапување и информирање за младински и образовни политики


Овие цели ќе се постигнат со низа активности како:

  • прибирање податоци за и анализа за еднаквиот пристап до квалитетно високо образование и корупција во образование;
  • креирање на образовни содржини и простори за неформално образование за млади во сите 8 плански региони;
  • обуки за млади и младински организации и
  • следење на политиките за образование и младинско учество и известување за истите.
Млади за инклузија, еднаквост и доверба 2023 – 2024

Проектот се фокусира на борбата против наративи кои предизвикуваат поделба и говор на омраза, поттикнувајќи ја социјалната кохезија и дијалог меѓу младите поединци. Преку активности ќе се промовираат позитивни наративи, насочени кон спротивставување на омразата, говор на омраза и родови норми и го подобруваат меѓугрупното разбирање. Главната цел е подобрување на младинскиот дијалог и довербата низ регионот преку позитивни наративи засновани на факти и унапредување на родовата еднаквост во јавните сфери.

Поттикнување на младински активизам преку онлајн медиуми (2023 – 2025)

Со проектот Fostering Youth Activism through Online Media, Младински образовен форум, преку мултимедијалната платформа Радио МОФ објавува содржини во форма на кратки вести, истражувачки стории и анализи, како и аудио програма-подкасти кои имаат информативна, веродостојна и објективна медиумска содржина.

Во рамките на овој проект, на едноставен и за младите разбирлив начин се објаснуваат демократските и политичките процеси во државата со цел поттикнување на младинско вклучување во истите. Содржините промовираат критичка мисла, дебата и инволвираност на младите во процесот на креирање политики во, за нив важните, сфери од општеството.

Проектот дополнително е насочен да ја зголеми свеста за предизвиците со кои се соочуваат младите од ранливи категории со прикажување на нивните приказни. Целта на проектот е да ги поттикне младите да станат активни и информирани граѓани кои придонесуваат за создавање поинклузивно и порамноправно општество.

Ангажирање на младите за подобрување на наративот за луѓето за кои УНХЦР се залага (2023 – 2024)

Проектот „Ангажирање на младите за подобрување на наративот за луѓето за кои УНХЦР се залага“ спроведуван со поддршка на УНКЦР, има за цел да ја преобликува перцепцијата на јавноста за бегалците, барателите на азил и лицата без државјанство. Преку пет клучни активности, младите и корисниците на УНХЦР соработуваат за да ја постигнат оваа цел.

  • Караванот на Младинскиот театарски перформанс, ги обединува младите луѓе и корисниците на УНХЦР за да го подобрат локалното разбирање на овие групи.
  • Во рамки на проектот исто така се спроведуваат активности кои ги прославуваат светскиот ден на бегалците – 20 јуни.
  • Програмата за менторство во медиумите ги едуцира младите новинари да го подобрат медиумското покривање на корисниците на УНХЦР.
  • Дебатниот турнир вклучува над 100 средношколци за поттикнување на критичкото размислување и свесноста.
  • Советодавното тело дополнително ќе го промовира спроведувањето на комуникациската стратегија.


Преку овие иницијативи, проектот има за цел да се бори против негативните стереотипи и да се залага за правата на бегалците, барателите на азил и лицата без државјанство.

Регионална програма за мобилност на младинско лидерство (2022 – 2025)

Регионалната програма за мобилност (RYLMP), заедничка иницијатива на Центарот за образовна политика (ЦЕП) од Србија и Центарот за наука и иновации за развој (SCiDEV) од Албанија, поддржана од канцелариите на Фондацијата Отворено општество од Србија, Албанија и Македонија, има за цел да ја зајакне соработката помеѓу младите во Албанија, Србија и Македонија.

RYLMP ја олеснува прекуграничната соработка, истакнувајќи ги истражувачките компетенции и општествениот ангажман, младинското застапување и регионалната соработка. Препознавајќи ги заедничките предизвици со кои се соочуваат младите – како што се квалитетот на образованието, невработеноста и ограниченото политичко учество – проектот се обидува да ги зајакне младите луѓе преку обуки, средби со институции и чинители и менторство.

Целите на проектот вклучуваат зајакнување на регионалната младинска соработка, подобрување на културното разбирање, промовирање на вештините за застапување на младите и поддршка во вмрежувањето на граѓанското општество. Преку заеднички напори, програмата има за цел да одговори на заедничките прашања и да создаде можности за трајни партнерства меѓу младите во регионот.

Младите во Западен Балкан - виртуелна разгледница (2022 – 2025)

Проектот има за цел да ја поттикне соработката меѓу младинските организации од Северна Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина за да ги подобри интеркултурните компетенции и медиумската писменост кај младите.

Преку модерирани виртуелни размени, проектот ги разоткрива стереотипите пропагирани од онлајн медиумите и социјалните мрежи. Специфичните цели вклучуваат:

  • реализирање на виртуелни состаноци за 1.600 млади на возраст од 15 до 18 години за намалување на социјалното растојание и предрасудите кон соседите;
  • подобрување на вештините за медиумска писменост на 800 лица на возраст од 18 до 25 години за борба против дезинформациите и омразата на интернет и
  • зајакнување на капацитетите на 30 тренери во искористување на дигиталните средини за учење, односно за предавање медиумска писменост и критичко размислување.

Со користење на примери на етнички стереотипи и дезинформации, проектот поттикнува виртуелни дискусии за да ги зголеми меѓукултурните компетенции и отпорноста против онлајн манипулациите.