Проектот Debate@Europe во натпревар за наградата Карло Велики за 2013 година

Проектот Debate@Europe, проект на ИДЕА (Интернационална дебатна и едукативна асоцијација) е победник на романскиот национален избор за Европската младинска награда Карло Велики и ќе се натпреварува во финалето против 26 проекти од други земји членки на ЕУ за престижната награда.

Debate@Europe е едукативен дебатен проект за младите луѓе во Европа. Проектот им овозможи на младите да дебатираат онлајн и офлајн на теми и прашања поврзани со Европа и Европска Унија. Проектот започна со имплеметација на 25 март 2012 година во шест европски земји: Македонија, Естонија, Словачка, Романија, Холандија и Велика Британија. Младински образовен форум е една од партнер организаицја на ИДЕА за спроведување на проектните активности.

Проектот Debate@Europe им овозможи на младите да водат информирана и аргументирана дискусија преку онлајн, офлајн дебати и меѓународна конференција. Покрај дебатите лице в лице кои беа организирани во секоја земја, проектот им овозможи на младите да дебатираат онлајн со други млади луѓе во Европа преку платформата idebate.org. Натпреварот во онлајн дебата започна на 1-ви април и траеше се до ноември 2012 година. Од сите натпреварувачи, стоте најдобри млади од Европа беа поканети да учествуваат во финалната ЕУ конференција во Амстердам, Холандија, каде мешани тимови од млади европејци дебатираа едни против други и против лидерите на европските ставови.

Целта на Европската младинска награда Карло Велики е да го охрабри развојот на европската свест кај младите, како и нивното учество во европските интегративни процеси. Наградата се доделува на проекти кои ги преземаат млади луѓе кои поттикнуваат разбирање, развивање на чувство на заеднички европски идентитет и нудат практични примери за европејците кои живеат заедно во една заедница. Европската младинска награда Карло Велики  се доделува еднаш годишно од страна на Европскиот парламент и Фондацијата за Меѓународна награда Карло Велики од Ахен.

27-мината финалисти кои се натпреваруваат за оваа награда се:

РОМАНИЈА- Debate@Europe Europe.idebate.org

АВСТРИЈА – Ride for your Rights! – www.rideforyourrights.org
БЕЛГИЈА – Mission Europe – yeuth.eu/about-mission-europe
БУГАРИЈА – International Week Bulgaria – www.iw-co.org
КИПАР – Let’s research – www.letsresearch.eu
РЕПУБЛИКА ЧЕШКА – Academic Course 2013 – best.vutbr.cz/?p=801
ДАНСКА – in curs de jurizare
ЕСТОНИЈА – The Story of My Life – www.headest.ee
ФИНСКА – Leo Europa Forum 2013 – www.lef2013.org
ФРАНЦИЈА – Eurodéputé à l’école – europe-ecole.fr
ГЕРМАНИЈА – Plan B – www.dw.de/planb
ГРЦИЈА – Faceurope – www.faceurope.com
УНГАРИЈА – Life is Plastic! It’s Fantastic! – bestveszprem.drupalgardens.com
ИРСКА – European Cook Book – www.gdys.ie
ИТАЛИЈА – 1000 and 1 realities – www.goethe.de/ins/eg/prj/cin/prj/enindex.htm#top
ЛАТВИЈА – CROSSBO ACTIVE – www.crossboactive.net
ЛИТВАНИЈА – International conference of theatre arts students
ЛУКСЕМБУРГ – Our Voice 2012 – www.ourvoice2012.eu
МАЛТА – National Student Travel Foundation Mini European Assembly (NSTF MEA) 2012-2013
www.nsts.org/Default.aspx?tabid=1733
ХОЛАНДИЈА – EU on the Road – www.ontheeuroad.com
ПОЛСКА – Discover Europe – www.discovereurope.esn.pl
ПОРТУГАЛИЈА – Gap Year Portugal – gapyear.pt
СЛОВАЧКА – European Dialogue of perspective attitude – europskydialog.eu
СЛОВЕНИЈА – Youth Vote – www.pina.si
ШПАНИЈА – Europe on Track – aegee.org/europeontrack
ШВЕДСКА – Easy EU – www.easyeu.me
ВЕЛИКА БРИТАНИЈА – LearnENG – 
www.sifesouthampton.com/socproj/proj4.htm

Повеќе информации за ARDOR, нашиот романски партнер Debate@Europeна www.ardor.org.ro

Преземено од idebate.org

Сподели