Во Неготино на 26 и 27 март 2014 година се одржа локален дебатен турнир „НЕГОТИНИАДА“, кој заврши со финална дебата на која беа проглаесени најдобрите тимови и говорници. На дебатниот турнир учество земаа 15 дебатери поделени во 5 тимови од дебатниот клуб на Младински образовен форум во Неготино кои дебатираа на тезата: „Екстерното оценување е оправдано“.
Дебатерите имаа можност да ги искажат своите мислења и ставови на оваа теза претставувајќи го афирмативниот и негативниот тим, а воедно и дебатираа и на импромту (ненајавена) теза, која беше соопштена еден час пред главната рунда.
Сите дебатери добија сертификат за учество на овој турнир, како и сертификати за најдобрите говорници и двата најдобри тима кои дебатираа во финалето.
За најдобри говорници на турнирот беа прогласени: Стефан Ристовски – прв говорник, Анета Трајкова – втор говорник и Димитри Самандов – трет говорник.
„Локалниот турнир беше од голем придонес за младите од општина Неготино. Пред се на проследеното финале и јавната дебата која беше отворена за осмо одделенците од основните училишта и средношколците од гимназијата остави голем белег за тоа младите да се вклучуваат во локалните проблеми. Воедно активното учество и дебатирањето на овие теми кои се блиску за младите лица е еден од начините за решавање на младински проблеми. Истиот турнир беше посетен од стотина млади луѓе од општина Неготино.“ – Изјави Емилија Андонова, координатор на дебатна програма во Неготино.
Победник на финалната дебата беше афирмативниот Тжтим, во кој како говорник број еден беше Томислав Насков, број два Анжелика Серафимоска и број три Анета Трајкова.
„Ми претаставуваше чест да земам учество на овој турнир, кој претставуваше одлично место за искажување на моите способности како говорник и воедно дебатер, а пред се увертира за идните вклучувања и проекти поврзани со младински политики и проблематики.“ – Изјави Томислав Насков, член на победничкиот афирмативен тим.
Целиот турнир беше покриен од страна на координаторот, предавачот и асистентите на дебатниот клуб кои се најдоа воедно и во улога на судии.
„Како предавач на дебатерите за мене беше огромно задоволство да ги проследам дебатите и да судам на истите воедно мерејќи го знаењето кое тие го стекнале во изминатата година на моите предавања. Изненаден сум од голем број од дебатерите кои воедно ги надминаа моите очекувања.“ – Изјави Стефан Андонов, предавач по дебата.