На конференцијата „Дијалог и демократија – Магна Карта денес“ која се одржа на 11 декември 2015 година во кино Фросина, Младински културен центар – Скопје, беа прогласени победниците на конкурсот за есеи за средношколци „Магна Карта“ кој заврши на 20-ти ноември.
На овој конкурс се пријавија 40-тина ученици од цела Македонија кои со свои размислувања и ставови аплицираа на една од следниве теми:
v Влијанието на Магна Карта врз уставноста во светот;
v Независно правосудство како предуслов за владеење на правото и
v Улогата на Магна Карта во развојот на демократијата.
Примените есеи беа разгледани и оценети од жири комисијата составена од претставници од Британската амбасада во Скопје, предавачите од програмата Учиме право Јордан Јованов и Доан Сулејманоски, како и Маја Вељанова, Претседателка на ELSA (European Law Students’ Association). Врз основа на однапред поставени критериуми (запазување на формата на есејот, аргументацијата, оригиналноста на идеи и размислувања, како и лексиката и синтаксата), овие оценувачи ги избраа 9-те најдобри и најквалитетни есеи, односно по 3 есеи од секоја категорија:
I ТЕМА: ВЛИЈАНИЕТО НА МАГНА КАРТА ВРЗ УСТАВНОСТА ВО СВЕТОТ
1 Место: ВАСКО ГИЧЕВСКИ
2 Место: НАДИР УСЕИН
3 Место: ЉУБИЦА ПОП ТРАЈКОВА
II ТЕМА: НЕЗАВИСНО ПРАВОСУДСТВО КАКО ПРЕДУСЛОВ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО
1 Место: БЛЕРИНА АЗЕМИ
2 Место: КРИСТИНА НИКОЛОВА
3 Место: МИНЕ ИБРАИМИ
III ТЕМА: УЛОГАТА НА МАГНА КАРТА ВО РАЗВОЈОТ НА ДЕМОКРАТИЈАТА
1 Место: БОЈАН КИТАНОВИЌ
2 Место: НАХМИР УСЕИН
3 Место: ЕМИЛИЈА СТОЈЧЕВА
На овие ученици им беа доделни сертификати врачени од страна на Британскиот амбасадор во Македонија, г. Чарлс Гарет и награди од Дона Костуранова, Извршна директорка на МОФ.
На крајот на конференцијата им беа доделени и сертификати за учество на сите оние кои се пријавија на овој повик.
Младински образовен форум им честита на победниците и на сите оние кои учествуваа и им посакува многу успех во понатамошното образование.