Барај
Close this search box.

Средношколска дебата

Дебатната програма на МОФ спроведува отворена и бесплатна годишна програма за средношколци. Предавањата се одржуваат во Дебатни клубови, кои имаат предавања еднаш во неделата, водени врз основа на стандардизиран курикулум и учебници од МОФ од страна на обучени предавачи. Клубовите имаат средби во текот на учебната година.

Преку овие предавања средношколците се образоваат за основите на дебатата, аргументираното изразување, критичко размислување, тимска работа и јавно говорење. Предавањата ги одржуваат дебатни тренери, кои се искусни дебатери и сертифицирани тренери од страна на Дебатната програма.

Во учебната 2017/2018 и 2018/2019 Дебатната програма се спроведува во клубови следните градови: Тетово, Велес, Битола, Прилеп, Куманово, Скопје. Предавањата се одржуваат еднаш неделно, во времетраење од 2 часа, според однапред утврдена програма за работа. Средношколците може да бидат дел дебатен клуб во две нивоа: почетено ниво (каде сите членови прв пат следат дебата) и напредно ниво (каде сите членови имаат поминато една година во клуб на почетно ниво).

Форматот на дебата кој се изучува е Светски школи (World Schools Style)форматот. Покрај редовните предавања, на годишно ниво се организираат дебатни турнири на кои дебатерите се натпреваруваат меѓу себе. Најдобрите тимови и говорници на овие турнири добиваат можност  да се наптреваруваат и да го претставуваат МОФ на интернационални настани.

Поважните настани за средношколската дебата во Македонија се Националното дебатно првенство и Националното дебатно првенство за почетници кои Дебатната програма ги организира секоја година.

Националното дебатно првенство за почетници е еден од најважните настани на Дебатната програма. На национално ниво Дебатното првенство за почетници важи за најважниот турнир на кој учествуваат тимови од сите клубови во мрежата на дебатната програма на МОФ. Секоја година повеќе од 150 дебатери-почетници за прв пат на компетитивно ниво добиваат прилика да ги презентираат и надградат нивните аргументациски и говорнички вештини. Тезите на кои се дебатира се од релевантен карактер кои директно ги засегаат дебатерите.

Националното дебатно првенство е најголемиот дебатен турнир за дебатери средношколци во Република Македонија, на кој може да се натпреваруваат сите средношколци дебатери, без разлика на степенот на дебата кој го имаат поминато. Турнирот промовира натпреварувачка дебата меѓу младите базирана на организирана и аргуметирана дискусија и да го избере најдобриот тим и индивидуални говорници во World Schools дебатниот формат. Најдобрите дебатери од  МОФ и дебатните клубови ширум земјата, избрани преку локални квалификациони турнири, се натпреваруваат меѓу себе на теми од економски, политички и социјален карактер. Турнирот се одвива на англиски јазик, што им дава на дебатерите можност да ги усовршат своите вештини за дебатирање на англиски.

Во 2006 МОФ беше домаќин на Светското првенство по дебата за средношколци, на кое се натпреваруваа над 300 дебатери од целиот свет. Дебатерите од МОФ често постигнуваат високи пласмани на меѓународните турнири каде се натпреваруваат, од кои се издвојува освоено 2-ро говорничко место на Светското првенство по дебата.