Барај
Close this search box.

Универзитетска дебата

Универзитетската дебата во рамките на Дебатната програма се фокусира на предавање и практикување на студентските формати на дебата. Целта на дебатата на универзитетско ниво е градење на култура на дијалог кај младите луѓе, поттикнување на критичко анализирање и развивање на ораторските способности на студентите. Универзитетскиот формат кој е најчесто дебатиран во светски рамки, а воедно и вклучен во програмата на МОФ за студенти е форматот Британска парламентарна дебата.

Во академската 2008/2009 година, програмата за прв пат формално се применува и во високото образование во Република Македонија. Британска парламентарна дебата е најпознат дебатен формат наменет за студенти, станува дел од Клиничката програма на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Преку вклучување во дебатната програма на студентите им се овозможува да стекнат знаења и вештини во областа на дебатни формати, аргументирано комуницирање, критичко размислување, јавно говорење, но и збогатување на сопствените знаења од релевантни општествени теми преку неформално учење. Предавањата ги одржуваат МОФ тренери, искусни дебатери, кои имаат изминато обуки за предавачи по дебата, по однапред утврден курикулум во согласност со последните светски трендови.

Студентите дебатери од МОФ имаат постигнато значајни резултати по дебата, како што е освоено прво место на меѓународен дебатен тунир Budapest Open и освоено 3-то и 4-то говорничко место во категоријата англиски како странски јазик на Европското дебатно првенство 2016.